Утре се навршува една година од трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани во која живот го загубија 63, а беа повредени над 200 лица.
Несреќата се случи во раните утрински часови на 16. март.
Од Здружението на граѓани „16 март 2025“, вечерва во 02:15 часот организираат собир.
-Вечерва се собираме пред поранешната дискотека “Пулс“ во тивко сеќавање и почит.
Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели.
Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе оддадеме почит со минута молк.
Нека светлината сведочи дека не забораваме.
Нека тишината зборува за љубовта што останува, информираа од здружението на Фејсбук.
Овие два дена со различни настани се обележува годишнината од трагедијата.
Пред „Пулс“ во Кочани се поставени 63 срца со имињата на жртвите од трагедијата.




