Published: Tuesday, March 17, 2026 15:56
Петре Шилегов: Постои договор СДСМ да биде во сегашната состојба, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да освои два мандати, со цел да се избегнат евентуални истраги и кривични постапки.
Партијата е кадровски исцрпена и одлуката за иницирање на моето исклучување е спротивна на Статутот, бидејќи таквата постапка треба да ја води општинската организација.
Го повикувам лидерот на СДСМ Венко Филипче да дојде во општинската организација во Карпош и таму да разговараме за моето исклучување и за состојбите во партијата. СДСМ не е сопственост на една групација, па со неа да се пазарат за својата слобода.
Изјавата доаѓа откако Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да иницира постапка за негово исклучување од партијата.
Извор: Прес




