НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николиќ: Понудата од Брисел засега неприфатлива

0
By Нова ТВ on March 11, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Можно е денес во Брисел да добиеме документ кој нема да можеме да го прифатиме“, рече претседателот на Србија, Томислав Николиќ за Радио-телевизија Србија.

– Никакви подароци, ни датуми не можат да ја натераат Србија да оди против интересот на својот народ, порача Николиќ.

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ изјави дека е можно раководството на државата денес во Брисел да добие документ кој не ќе може да се прифати.

„Претпоставувам дека денес во Брисел, нам ќе ни биде понуден документ, чија содржина ја видов и доколку не се направат измени во тој документ, тој е апсолутно неприфатлив“, изјави претседателот на Србија.

На прашањето каков е тој документ, Николиќ рече дека тоа е нацрт – документ за правата кои би ги имале припадниците на српската заедница во рамките на приштинската администрација, и дека тоа се права кои во Приштина се предвидени со Законот за локална самоуправа.

„Ако со тој документ се гледа јасно дека тие (ЕУ) го признаваат само Косово како држава, а за Србија не водат сметка, тоа значи дека ЕУ нас не не сакаат во својот состав. Во последната година отворивме многу насоки, свесни дека може да се случи некој нас да ни постави ултиматум“, изјави Николиќ.

„Србија никогаш не трпела ултиматуми. Зошто тоа би го направила сега?“, порача српскиот претседател.

Се најавува состанок на Николиќ, премиерот Дачиќ, и потпретседателот на владата, Александар Вучиќ со Кетрин Ештон на тема „надворешна политика и безбедност“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.