Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постизборниот говор на Маѓар: Го соборивме системот на Орбан – ја ослободивме Унгарија

0
By Zoran Ivanov on April 13, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 13, 2026 14:37

Колку пати и колку луѓе ни велеа дека нема смисла да одиме во провинцијата, дека треба да се договориме со официјалната опозиција и да правиме зделки, зашто инаку не можело. Но денес се виде дека може, рече Маѓар, алудирајќи и на претходните обиди за опозициско обединување.

Петер Маѓар во својот говор посочи дека победата била извојувана „во силен спротивен ветар затоа што државната партија го стави во погон целиот свој апарат, потроши стотици милијарди за кампања на лагата и омразата, но денес вистината ја победи лагата“.

„Тиса надоаѓа!“

Со овие извици Петер Маѓар се искачи на сцената на плоштадот Батјани во изборната ноќ, со парламентот во позадина, откако веќе беше јасно дека неговата партија Тиса ги добива изборите со двотретинско мнозинство, а Виктор Орбан му ја честитал победата.

– Тиса и Унгарија ги добија овие избори. Не малку, туку многу. Многу, многу. Заедно го соборивме системот на Орбан, ја ослободивме Унгарија и си ја вративме татковината – изјави Маѓар на почетокот на својот говор.

Тој нагласи дека досега ниедна партија не добила толку силен мандат во Унгарија и дека гласачите ѝ дале на неговата формација право „да изгради функционална татковина за секој Унгарец“.

Потоа им се заблагодари на своето семејство, на синовите, на членовите на партијата, на 50.000 доброволци, на активистите и на сите што ја поддржале Тиса.

– Унгарија денес испиша историја! – изјави тој.

„Државата го стави во погон целиот свој апарат“

Маѓар потсети дека „победата била извојувана во силен спротивен ветар, затоа што државната партија го стави во погон целиот свој апарат, потроши стотици милијарди за кампања на лагата и омразата, но денес вистината ја победи лагата“.

Кон гласачите на Тиса се обрати со зборовите: „Го исполнивте она што татковината го бараше од вас“.

Според него, пред две години почнал процес во кој, во битката меѓу Давид и Голијат, на крајот победила љубовта. Им се заблагодари на сите што „заедно можеме да ја смениме својата судбина“.

– Колку пати и колку луѓе ни велеа дека нема смисла да одиме во провинцијата, дека треба да се договориме со официјалната опозиција и да правиме зделки, зашто инаку не можело. Но денес се виде дека може, рече Маѓар, алудирајќи и на претходните обиди за опозициско обединување.

Да го кажеме јасно, денешниот ден е миг на милост, продолжи тој и додаде:

– Нека и овој датум биде испишан со златни букви во историјата на унгарската слобода, не како победа на една партија над друга, туку како победа на слободата и вистината над угнетувањето и лагата.

„Унгарија не сака да не ничиј вазал“

Тој нагласи дека овој ден е победа за сите, вклучително и за оние што не гласале за „Тиса“.

– Унгарија сака да биде држава што не е ничиј вазал, во која секој може да биде унгарски граѓанин, чии граѓани можат да се потпрат на својата влада, во која секој има право на квалитетно здравство и образование, на достоинствена старост и сигурно детство, и во која никој не е жигосан затоа што мисли поинаку, сака поинаку од мнозинството или верува во нешто поинакво од мнозинството – продолжи Маѓар.

Тој посебно им се обрати и на Унгарците што живеат во странство, со повик што повеќе од нив да се вратат дома, затоа што „секој Унгарец е потребен“.

Потоа продолжи со својата визија за земјата: држава во која власта се грижи за најранливите, но и за сите Унгарци, а во исто време ги почитува своите граѓани.

 

говор маѓар постизборен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.