Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на свечената седница по повод јубилиеот од основањето на партијата, порача дека СДСМ 35 години ја носи одговорноста за иднината на државата преку креирање клучни државни политики и одлуки. Во своето обраќање, Филипче потсети на историските почетоци на партијата и државата, како и клучната улога на СДСМ во во најтешките периоди и во создавањето на независноста на државата.
-Тоа не беше време на лесни решенија. Тоа беше време на санкции, ембарга, неизвесност и кревка државност. Но токму тогаш се покажа дека политиката не служи за да се делат улоги и функции, туку за да се носи тежината на државата. Но токму тогаш се покажа дека политиката не служи за да се делат улоги и функции, туку за да се носи тежината на државата. И затоа, кога денес се навраќаме на тие почетоци, не треба да паметиме само имиња и функции. Треба да ја паметиме лекцијата: државата не се гради со викање, државата се гради со разум, со институции и со одговорност. И затоа толку силно одѕвонува реченицата на Киро Глигоров: „Македонија е сѐ што имаме“. Тоа не е само наслов на книга. Тоа е и мерка на политичка зрелост, рече Филипче.
Притоа, Филипче подвлече дека вистинската државотворност се покажува во најтешките моменти, потсетувајќи на улогата на СДСМ во 2001 година и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Во 2001 година, кога државата беше на работ на бездна, СДСМ беше дел од владата на национално единство и еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор. Вистинската државотворност не е да навиваш од безбедна далечина, туку да носиш одлуки и одговорност кога цената е највисока. По конфликтот, одговорноста продолжи и во 2002 година, а во 2005 Македонија го доби кандидатскиот статус за членство во Европската Унија. Тоа не беше подарок, тоа беше силна порака дека мирот, демократијата и европската иднина не се одделни приказни, туку една иста државна и историска задача. Кога сме биле најдобри, сме биле разумни. Кога сме биле најразумни, сме биле и најевропски , рече Филипче.
На свечената седница Филипче се осврна и на поновите политички и храбри одлуки на СДСМ, потенцирајќи го членството во НАТО.
-По политичката криза, по Пржино, по изборите во 2016, во 2017 СДСМ повторно ја презеде одговорноста да ја извади државата од блокада. Дојдоа најтешките државни одлуки: Преспанскиот договор, влезот во НАТО во 2020, па стартот на пристапните преговори со ЕУ во 2022. Околу тие одлуки ќе има расправи и утре, и задутре, и уште долго. Бевме соочени, и се уште сме, со најтешките клевети и партиски пропаганди завелепредавства, за измислена распродажба на државни и национални интереси, наводно загрозени идентитет, јазик и историја. Но, фактите остануваат, тие не можат да се избришат и покрај жестоките пропаганди и манипулации: Ништо не е изгубено, напротив, идентитетот, јазикот, културата историјата се заштитени.Потпишан е договор со ЕУ на македонски јазик, државата стана побезбедна, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, Филипче нагласи дека вистинската социјалдемократија подразбира систем на еднаквост, правда и солидарност.
-Што е вистинска социјалдемократија. Таа не е боја. Не е етикета. Не е носталгија. Не е удобна партиска поза. Вистинската социјалдемократија е политика во која слободата не е привилегија на богатите, а правдата не е утеха за сиромашните. Вистинската социјалдемократија е држава што ги шири демократските принципи и врз економијата. Тоа значи работа што носи достоинство, јавно образование што носи шанса, здравство што не зависи од врски, даноци што не го газат средниот слој и ранливите, туку бараат фер придонес од оние што имаат најмногу. Тоа значи слобода, правда и солидарност, не како плаќат, туку како систем, рече Филипче.
Нова борба за праведна Македонија
обраќањето на свечената седница на Централниот одбор на СДСМ, по повод 35 години од формирањето на партијата, претседателот Венко Филипче порача дека јубилејот не е само повод за одбележување, туку и повик за нова, чесна и одлучна борба за праведна Македонија.
-СДСМ повторно излегува пред граѓаните со јасна определба за промени и враќање на власта таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните. Тргнуваме против оваа ненародна криминална предавничка власт, одново чисти, скромни, искрени и посоцијалдемократски од кога било досега, рече, Филипче.
Во своето обраќање, претседателот Филипче подвлече дека денес СДСМ повторно стои пред голема историска и политичка задача – да ја врати надежта, правдата и европската перспектива на државата.
-Затоа СДСМ денес е тоа што бил и ќе биде секогаш – големата идеја за Македонија како пристојна, праведна и европска држава, рече Филипче.
Тој посочи дека оваа визија значи држава во која граѓаните ќе живеат достоинствено, а младите ќе имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома.
-Тоа значи млад човек да може да купи прв дом, а да не се чувствува протеран од својата татковина. Тоа значи платата да расте, но и животот да стане поднослив. Тоа значи болницата да не биде место на страв, туку на доверба. Тоа значи училиштето да не биде чекална за иселување, туку подготовка за останување и изградба на татковината, истакна Филипче.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека суштината на новата политичка понуда е нов социјален и европски договор со граѓаните, заснован на правда, солидарност и еднакви шанси.
-Затоа, вечерва да не си ветуваме лесни победи. Да си ветиме тешка политичка и демократска борба и чесност. Да си ветиме правда. Да си ветиме правични даноци. Да си ветиме држава што не се плаши од вистината. Да си ветиме политика достојна за Македонија, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
*Филипче: Закочениот европски пат е најголемото предавство кон иднината на Македонија*
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечената седница на Централниот одбор по повод 35 години од формирањето на партијата, порача дека блокадата на европскиот пат претставува најсериозната закана за иднината на државата и дека тоа е предавство на националните интереси.
-Денес Македонија повторно е пред голем испит. ЕУ патот е закочен. Отворено и бессрамно ни кажуваат дека тоа ќе трае и натаму со децении, божем како заштита на националните и државни интереси. Тоа е безобзирна лага, истакна Филипче.
Тој нагласи дека европската интеграција е врвен национален и државен интерес.
-Нема поголем интерес, ниту државен, ниту национален, ниту безбедносен, ниту демократски од сојузите со ЕУ и НАТО“, порача Филипче.
Претседателот Филипче потсети дека токму СДСМ носел историски одлуки кои ја движеле државата напред кон евроатлантските интеграции, дури и кога тие одлуки биле тешки и непопуларни.
Во таа насока, Филипче потенцираше дека денешните политики кои го блокираат европскиот пат се директно спротивни на националните интереси.
На нивна страна е срамот! А тоа е страната на предавството на националните интереси, на антиевропските политики, истакна Филипче.
Тој предупреди дека застојот на европската перспектива значи застој на државата и губење на иднината за младите генерации.
-Тоа значи училиштето да не биде чекална за иселување, туку подготовка за останување и изградба на татковината, рече Филипче, нагласувајќи дека европскиот пат е клучен за подобар животен стандард и сигурност на граѓаните.
Претседателот на СДСМ порача дека партијата останува доследна на својата европска ориентација и ќе продолжи да се бори за враќање на државата на вистинскиот пат.
-Затоа СДСМ денес е тоа што бил и ќе биде секогаш – големата идеја за Македонија како пристојна, праведна и европска држава, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче во обраќањето.
Закочениот европски пат е најголемото предавство кон иднината на Македонија

Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните
Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната свечена седница по повод 35 години од основањето на СДСМ.Филипче додаде дека граѓаните заслужуваат поинаква политика и подобра иднина.
-Лагите, лажниот патриотизам, сировиот национализам на штета на меѓуетничките односи заврши. Ја враќаме власта во рацете на граѓаните. И затоа вечерва, на 35-годишнината на СДСМ, сакам да се вратиме не само на нашата историја, туку и на нашата мерка. На реченицата на Киро Глигоров: „Македонија е сѐ што имаме“. Во таа реченицa има повеќе државна мудрост отколку во многу врева што сме ја слушале во изминатите децении и што се уште ја слушаме и денес. Во таа мудрост, e нашата иднина. Затоа, вечерва да си ветиме држава што не се плаши од вистината. Да си ветиме политика достојна за Македонија.Тргнуваме против оваа ненародна криминална предавничка власт, одново чисти, скромни, искрени и посоцијалдемократски од кога било досега, рече Филипче.
Во обраќањето на свечената седница Филипче најави нов социјален и европски договор со граѓаните, заснован на правда, солидарност и одговорно управување со државните ресурси.
-Тоа значи енергетиката да не биде партиски плен, туку национален интерес. Тоа значи модерно земјоделство, агро ресет, тоа значи потврден македонски идентитет, македонски мултилатерализам, нула корупција, еко патриотизам, културна мобилизација, радикална меритократија, гиг солидарност, крај на прекаријатот. Тоа значи четиридневната работна недела, праведни даноци, стекнување на првиот дом, силна социјална заштита и европската перспектива да не звучат како кампањски партиски лаги и манипулации, туку како делови од еден нов социјален договор со граѓаните.Држава за луѓето, а не само луѓе за државата, рече Филипче.
Тој порача дека партијата ја создаваат луѓето кои веруваат во вредностите и отвореното општество.
-СДСМ ја прават луѓето што веруваат во вредностите. Луѓето што имаат отворени врати за знаење, за младост, за критика, што ги почитуваат ослободените медиуми, за жените, за невладините и други организации, за луѓе кои никому ништо не должат освен на сопствената совест и на јавниот интерес. СДСМ ја прави меритократијата, а не кругот на удобните. Ја прави почитта кон работникот, а не почитта кон титулата, рече Филипче.