Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

0
By Zoran Ivanov on April 26, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 26, 2026 20:36

Неодамна од печат излезе „Амбиент“ – книга осма (2025-2026) („lu-ping“) на Зоран Иванов, еден од бардовите на македонското новинарство.

Приредувач, редактор и издавач и на оваа книга, како и на претходните „Амбиент“– 1, 2, 3, 3/1, 4, 5, 6 и 7 е Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист.

Осмата книга на „Амбиент“ фактички е природно продолжение на претходната седма книга, која беше објавена точно пред една година, или поточно континуитет на, како што вели самиот автор, „неговите континуитети од неговиот „Амбиент“ број 1 до овој „Амбиент’“број 8“; или, пак, уште поконкретно, на серијалот „Амбиент“, кој започна со „Амбиент“ – книга прва (1990-1994) и „Амбиент“ – книга втора (1995-1997), објавени во 1999 година, и кој продолжи со „Амбиент“ – книга трета (1997-2012), „Амбиент“ – книга 3/1 (2013-2015), „Амбиент“ – книга четврта (2018-2019), „Амбиент“ – книга петта (2019-2020), „Амбиент“ – книга шеста (2020-2024) и „Амбиент“ – книга седма (2023-2025), („една реченица“).

Серијалот „Амбиент“, што го реализира Свето Стаменов во изминативе дваесетина години, несомнено е своевидна три и полдецениска хронологија на македонските турбуленции во периодот од пред и за време на осамостојувањето на Македонија, транзициските премрежиња, егзистенцијалните, меѓуетничките, партиско-политичките турбуленции, како и нестабилните меѓународни позиции на државата.

Содржини од оригинални авторски новинарски текстови на теми кои, сместени меѓу кориците на осумте Зоранови „Амбиенти“, го актуелизираат и ова време сегашно и она натаму идно.

Како и сите претходни, и оваа осма книга „Амбиент“ на Зоран Иванов е со своја специфика.

Таа, всушност, е негов нов журналистички серијал објавуван на престижниот веб-портал „Нова тв.мк“ под генерален наслов „lu-ping“, кој содржи точно сто куси новинарски текстови – коментари посветени на актуелни случувања на домашната и на меѓународната сцена, објавени во периодот од 9 јануари 2025 година до 3 март 2026 година, како и три текста од неговата новоотворена рубрика „Post scrip-um“, исто така, на „Нова тв.мк“.

Станува збор за куси, јасни, воедно продлабочено сложени текстови кои ги отсликуваат оригиналноста, острината, директноста и бескомпромисноста на авторовите ставови со времето и, особено, со возбудливоста што тие ја предизвикуваат кај читателот.

И во оваа осма, како и во претходните седум книги, Зоран Иванов останува актуелен, уникатно директен. Напати ироничен, но содржаен, покажувајќи ги ретката аналитичка дарба и неверојатниот сенс преку актуелните случувања да ги предочува и наредните неминовни процеси и настани.

Токму затоа, „Амбиент“ – книга осма (2025-2026) („lu-ping“) е уште еден уникатен одблесок на, сега веќе, пет и полдеценискиот новинарски опус на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство, аналитичар, хроничар на денот и времето, журналистички епилог без крај.

Извор:  Слободен печат.мк / Културен печат  

 

амбиент Зоран Иванов Слободен печат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.