Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Мицкоски внесува Бугари во Уставот

0
By Zoran Ivanov on April 29, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 29, 2026 09:56

ВМРО-ОКГ вчера, по реакцијата на европскиот известител Томас Вајц дека неговото интервју во кое вели дека нема никаков напредок на реформите во Македонија е старо, веднаш направи напад врз СДСМ, реагираат од СДСМ.

Европскиот пратеник Томас Вајц изјави дека неговото интервју за бугарската телевизија е старо (снимено пред повеќе од седум недели, на почетокот на март) и дека Северна Македонија во меѓувреме забележала некаков напредок. Вајц истакна дека земјата уште има време да ги исполни обврските од реформската агенда до јуни.

Истовремено, Вајц повторно потврди дека „основниот и клучен услов за напредок и за продолжување на преговорите со ЕУ е внесување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија“. Без тоа, според неговите зборови, нема да има понатамошни чекори.

Значи ли ова дека Мицкоски и ВМРО-ОКГ се подготвуваат да го направат она што јавно го негираат: да внесат Бугари во Уставот?!

Ова е голема вест за граѓаните на Македонија и голем чекор кон продолжување на ЕУ интеграциите. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Нека Мицкоски и владата јасно и јавно кажат: Дали се подготвуваат да го менуваат Уставот за да внесат малцинства, а со тоа и Бугари? Со оглед на тоа дека тоа е единствената работа која моментално може да ја помести Македонија од мртвата точка во преговорите.

СДСМ останува на ставот дека европската иднина на Македонија не смее да се гради на уцени, туку на вистински реформи и почитување на македонскиот идентитет. Прашањето за малцинствата во Уставот не смее и не може да биде дел од проблемот.

Мицкоски СДСМ Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.