Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ прашува: Зошто три дена се молчи за штета од 6 милиони евра во МЕПСО?

0
By Zoran Ivanov on May 3, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 3, 2026 07:04

ДУИ бара генералниот директор на МЕПСО, Бурим Латифи, да одговори на три прашања во врска со раскинувањето на договорот со фирмата „Енергоинвест“ од Сараево и склучување на нов со фирмата „Елнос БЛ“  од Бања Лука, за која, според партијата на Али Ахмети,  постојат сомнежи дека е поврзана со Милорад Додик.

Целосно неодговорна е континуираната тишина на Бурим Латифи, кој и по три дена не дал никакво објаснување пред јавноста во врска со штетата од околу шест милиони евра што ѝ ја нанел на државата, велат од ДУИ.

Поради раскинувањето на договорот, како што тврдат од ДУИ изминатите три дена, арбитражен суд ги отфрлил сите контрабарања на МЕПСО од 19,3 милиони евра и му признал на „Енергоинвест“ од Сараево право на отштета од шест милиони евра, кои според интегративците ќе треба да бидат платени од државниот буџет, односно од џебот на граѓаните.

Според ДУИ, она што оваа одлука ја прави уште потешка е фактот дека Надзорниот одбор на МЕПСО дал негативно мислење за овој чекор.

Неприфатливо е за вакво сериозно прашање, кое се однесува на управување со јавни средства и институционална одговорност, да отсуствуваат транспаретност и отчетност. Јавноста има право да знае зошто е раскинат договорот со првата комапнија и кои биле вистинските причини за таквата одлука, се вели во денешното соопштение од ДУИ.

ДУИ смета дека генералниот директор на МЕПСО има директна обврска пред граѓаните да одговори на три прашања:

Зошто е раскинат договорот со првата компанија? Врз која основа е склучен новиот договор со компанија поврзана со Милорад Додик? Како дошло до финансиска штета од милиони евра?

 

ДУИ МЕПСО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.