Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on May 4, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2026 14:00

По повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска упати политички пораки и критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата за злоупотреба на ликот и делото на Делчев.

Филипче во своето обраќање истакна дека Гоце Делчев се борел за слободна и праведна Македонија, а денешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, ја претворило државата во плен на корупцијата.

„За жал, денес неговото име се злоупотребува од страна на ВМРО – организација која се претставува како негов ‘наследник’, а всушност е криминална група предводена од шефот на мафијата, Христијан Мицкоски. Гоце Делчев се бореше против неправда и туѓинска власт. Денешното ВМРО се бори за тендери, заштита на криминалци и за бугарски пасоши во џебовите, изјави Филипче.

Според него, политиките на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се во целосна спротивност со идеалите на македонскиот револуционер.

Гоце Делчев се бореше за слободна и праведна Македонија. Денешната ВМРО ја претвори државата во плен, а граѓаните во заложници на својата корупција и власт. Ако Гоце Делчев денес беше жив, би се срамел од оние што се повикуваат на неговото име додека уништуваат сè за што тој се бореше. Тој лично би се борел против Мицкоски, против оваа денешна криминална група ВМРО и сè она што тие го претставуваат, нагласи Филипче.

Упати порака до граѓаните во која најави продолжување на политичката борба за демократизација на општеството.

Ние од СДСМ ја чествуваме годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев со длабока почит кон неговата идеја – слободна и праведна Македонија. Во чест на борбата на Гоце Делчев, на граѓаните им порачуваме: наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста и некои подобри времиња и идеали за кои се бореше Гоце Делчев. СДСМ продолжува со својата заедничка борба заедно со граѓаните за враќање на власта во рацете на народот, за демократска и европска Македонија – праведна и слободна земја каква што ја сакаше Гоце Делчев, порача Филипче.

 

делчев Мицкоски срамел Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.