Електронското списание “Блесок – литература и други уметности” одбележува 15 години од своето постоење. „Блесок“ е едно од првите е-списанија во Македонија и првото од областа на културата.
-Првиот броj на првото македонско е-списание “Блесок – литература и други
уметности” излезе на 12 март 1998 година. До денес, обjавивме 88
изданиjа, постоjано збогатуваjки го културниот простор и не само во
Македониjа, вели Калина Буневска Исаковска, уредник на „Блесок“
По повод јубилејот, од 12 март, на полноќ до 20 март на полноќ, во
еКнижарница www.blesok-shop.mk сите наслови, повеке од 570 книги ќе бидат со попуст од 50 проценти.
Јубилејниот број на списанието донесува поезија од Рајнер Марија Рилке, Михаел Кругер и Ерик Линднер, проза од Давид Албахари и Горјан Милошевски и теориски текстови од Елизабета Баковска, Лорета Георгиевска Јаковлева, Наташа Аврамовска и Тони Димков.