Фатми Битиќи: Јавниот долг не смее да се релативизира и погрешно е да се создава перцепција дека задолжувањето не е важно прашање за економската стабилност на државата.
Креирана е перцепција дека јавниот долг не е важен. Не, јавниот долг секако е важен.
Бројките за задолжувањето не се опозициски инсинуации, туку податоци од самата власт.
Ова е реалноста, по нивни бројки, не по наши бројки. Заклучно со декември 2023 година, кога ние имавме контрола на јавниот долг, тој изнесуваше 8,5 милијарди евра.
Во овој момент, без новиот долг од 260 милиони евра, долгот изнесува 10,8 милијарди евра, а со дополнителното задолжување достигнува 11 милијарди евра.
250 милиони од унгарскиот кредит требаше да отидат во единиците на локалната самоуправа. Досега се платени само 47 милиони евра затоа што сите договори за испорачување на унгарските пари во инфраструктура се за пет години. Доколку состојбата била навистина добра, секој реализиран инфраструктурен проект би требало да биде исплатен по неговото завршување.
Суштинското прашање е Каде исчезна едната милијарда евра од Унгарија?
Извор: ТВ Телма



