Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излез и поместување во место

0
By Zoran Ivanov on May 15, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 15, 2026 19:53

Бранко Тричковски: … Трето, Бугарите да не се внесуваат во Уставот без правни гаранции односно без промени во преговарачката рамка и во Договорот со Бугарија.

Со други зборови Димитров се залага за политиката што ја водат Мицкоски и вмро заедно со претседателката, која, во меѓувреме, го сменила ставот за Преспанскиот договор, што е за пофалба, ама околу преговарачката рамка и евроинтеграциите и понатаму жонглира со копенхашките критериуми и марулите од својата бавча во Шато Водно. И се уште мисли дека ако некој треба да се прилагоди тоа се Унијата и Софија.

И како мала вишна на оваа торта, ексминистерот ја брцнува информацијата дека Бугарија јасно, среде Брисел, изјавила дека не го признава македонскиот јазик.

Брејјјј!

Прашање кое Македонија го има решено со Брисел, па и со Софија и македонскиот е веќе во оптек во документите на Европската унија. Тоа што во бугарскиот светоглед и култура македонскиот засекогаш ќе остане дијалект на бугарскиот, е политичко-културно прашање на меѓусебните односи, но не е идентитетско прашање. Идентитетскиот аспект на јазикот е решен со неговото постоење и употреба, а политички со преговарачката рамка и со договорите со ЕУ.

Во корист на Македонија.

Крај!

Не знам дали Димитров се кандидира за нов министер за надворешни работи на Македонија или е ангажиран од страна на новата бугарска министерка да застапува блокирачки ставови облечени во одбранбеното руво на националниот идентитет.

Тие и такви ставови, како и политиката по тие прашања на власта во Скопје, се де факто пробугарски. Кавгите не го негираат тој впечаток туку го потврдуваат.

Како беше: Потребен ни е излез, акција и поместување!

Ах, бе Димитров, кога ќе се сетам какви панегирици сум ти пишувал.

Знаеш ли што остана од македонскиот идентитет додека ти и револуциомерната гарда на вмро го браневте!?

Извор: Фејсбук

Бранко Тричковски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 8, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

ВЕСТИ August 8, 2026

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со…

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.