Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека неспроведувањето на реформите и пропуштените можности за европски средства ја доведуваат државата во ситуација да се задолжува под неповолни услови.
Доколку владата добро работеше изминатите две години на реформската агенда и доколку се сработеа и се донесоа во Собранието реформските закони за коишто имаше патоказ што треба да се направи, како треба да се направи, немаше да добиеме само 65 милиони евра. Ќе добиевме околу 200 милиони евра.“, рече Филипче.
Филипче потенцираше дека со поголема искористеност на европските механизми за поддршка можеше да се избегне дел од новото задолжување.
„Значи можеби пола од овој втор заем земен по многу неповолни услови воопшто немаше да треба да го земеме. Се поставува прашањето меѓу другото дали намерно не се работи за да се зимаат скапи заеми со неповолни каматни стапки и провизии коишто одат во одредени компании. Суштината на работите е практично неработењето и немањето капацитет на владата. И тоа само укажува на немање капацитет на премиерот, на немање знаење, ниту пак вистинска волја да тука се направи што треба, да се почне европскиот пат, да се сработат реформите и конечно да го добиеме тоа што децении го заслужуваме, а тоа е полноправно членство во Европа., потенцираше Филипче.




