Published: Sunday, May 24, 2026 00:14
Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“.
Добро. Доаѓаме, стои во дописот на Филипче на „Х“.Но, да дојдат и медиумите со камери.
Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните.
Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата.
Ние сме подготвени за отворена дебата со бројки, а не со политички конструкции.
Граѓаните заслужуваат вистина, а не ново алиби за катастрофалното водење на финансиите.




