Фатмир Битиќи: Во авторитарните режими тој има прецизно определена функција да создаде чувство на страв, да произведе јавна пресуда пред институциите да ја завршат својата работа. Правдата е претворена во сцена на која власта ја демонстрира својата моќ.
Затоа, кога се зборувам за случајот со притворањето на Стефан Богоев, станува збор за нешто поголемо од него како индивидуа, станува збор за нешто што не е поврзано со конкретен предмет или истрага. Овој случај е конкретна манифестација на опасната навика институциите да се користат како сценографија за политички перформанс.
Стефан е мој другар и партиски соборец, но токму затоа сакам да нагласам дека не барам привилегија за никого, ниту пак заштита од закон и амнестија од одговорност. Но, правдата не смее да биде заменета со политички театар, а човекот не смее да биде претворен во медиумски трофеј пред да проговорат доказите и институциите.
Проблемот е што премиерот Мицкоски сè почесто се однесува како метеоролог на обвинителството – денес има „чувство“, утре има „информации“, задутре најавува проширување на истраги и нови акции. Во правна држава институциите не работат според чувствата на премиерот, туку според закон, докази и независна постапка.
Обвинителството ја докажува вината, а не граѓанинот својата невиност. Во ова е суштината на пресумпцијата на невиност, а не декоративна фраза за политички прес-конференции.
Денес станува збор за Стефан, утре може да биде секој друг што не ѝ одговара на власта. Затоа мора да се каже ДА за одговорност, ДА за независна истрага, но НЕ за политички режирани спектакли, премиерски „чувства“ и јавни пресуди пред судска постапка.
Извор. Фејсбук



