Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за избори.
Мицковски сака да ги распише изборите предвреме за да ја скрие празната државна каса која ја испразнија со грабеж преку тендери. Но и неисполнетите ветувања пред граѓаните, катастрофалната економска состојба, растечката сиромаштија.
Нема област во земјата каде состојбата е добра, напротив, за само 2 години состојбата е од лоша – полоша. И допрва ќе се влошува.
Народот живее полошо, со помалку пари, со празни паричници, платите се најниски во Европа. Економијата оди надолу, субвенциите се намалени, странските инвестиции се за 60% пониски, инфлацијата е двојно поголема од евро-зоната а сиромаштијата е зголемена за 22% во првата година а долговите се зголемени за 2,5 милијарди евра.
Знаете ли зошто токму денес најавува избори?
Затоа што Вучиќ вчера најави можни избори за 3 до 4 месеци.
Кај нас техничката влада трае 100 дена. Мицковски мора да ги вклопи изборите во приближно истото време. Не смее да чека да падне и тој.
Падна Орбан, како што предупредувавме. А по Орбан, следува Вучиќ, па Мицкоски. Тоа е редоследот. Криминалната организација паѓа.
Паѓаат како домино.
Ние нема да му правиме алиби на Мицковски да ги прикрие последиците од својата политика, корупција и криминал.
Избори ќе има, бидејќи веќе го смислил сценариото, но нема да може да се спаси себеси и својата банда која ја опустоши државата.
Останува само да видиме кој сателит на ВМРО ќе се појави како лажна опозиција да му бара избори.
Сценариото е веќе смислено, сега е само во режија.
Граѓани, само гледајте.




