Бугарска организација која си дала име „Македонија“ во недела ќе организира блокада на сите гранични премини со Македонија, која ќе трае два часа, пишуваат бугарските медиуми.
Најавата доаѓа откако вчера среде бел ден, скопјанец со бензин потпали две возила со дипломатски таблички, паркирани пред Бугарската амбасада во Скопје. Тој потоа беше пронајден и уапсен, а инцидентот го осудија и бугарските и македонските власти.
Во најавата за блокадата на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“ и „Ново Село“ се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Бугарија, кое дало дозвола блокадата да се одржи.
Нашата цел е да му покажеме на Мицкоски дека не може да продолжи со репресиите. Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме два часа, а не трајно! Дојдете и покажете единство и сила, Бугари” повикува фондацијата.
Поради протест, в недела на два часа од бугарска страна ќе бидат блокирани сите гранични премини со Република Северна Македонија
Бугарска организација која си дала име „Македонија“ во недела ќе организира блокада на сите гранични премини со Македонија, која ќе трае два часа, пишуваат бугарските медиуми.
Најавата доаѓа откако вчера среде бел ден, скопјанец со бензин потпали две возила со дипломатски таблички, паркирани пред Бугарската амбасада во Скопје. Тој потоа беше пронајден и уапсен, а инцидентот го осудија и бугарските и македонските власти.
ADVERTISING
Во најавата за блокадата на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“ и „Ново Село“ се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Бугарија, кое дало дозвола блокадата да се одржи.
„Нашата цел е да му покажеме на Мицкоски дека не може да продолжи со репресиите. Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме два часа, а не трајно! Дојдете и покажете единство и сила, Бугари”, повикува фондацијата.




