Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На СДСМ му требаат статутарни реформи

0
By Zoran Ivanov on June 19, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 19, 2026 20:04

Кристина Костова: Јасно е дека Мицкоски, и луѓето како Мицкоски, можат да чекаат. Тие можат да чекаат и децении, можат дури и следните генерации од нивните семејства да чекаат, затоа што чекањето е прерогатив на привилегираните, кои цел живот растеле и биле ранети со златна лажичка, имаат можност да чекаат. Оние што немаат можност да чекаат се обичните граѓани на државава, кои се во голем број. Сега гледаме дека Мицкоски повторно сака да ја турка Македонија во тешка изолација, затоа што тој ќе чека и тој можел дчека.

Резултатот од изолационистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ е емиграцијата на младите луѓе што од година во година се зголемува. Тие не се враќаат со „авионите на Мицкоски“ за да работат во Македонија, туку и тие и нивните деца остануваат својата иднина да ја градат во европските земји.

Во СДСМ неопходни се реформи кои нема да бидат само козметички или кадровски туку пред сè статутарни, со што ќе овозможат мотивирање на членството.

Досегашниот начин на внатрепартиски избори на членови на раководството и на општинските организации е неприфатлив. Според неа, најважни се промените во Статутот на партијата со кои ќе се намали улогата на „Бихаќка“ во изборот на претседателите на општинските организации. Можеби треба да се смени форматот. Ќе се навратам на муабетот за конгрес на статутарни измени, затоа што од Статутот на партијата започнува сè. Во 2013 година беа направени статутарни измени со кои прилично се централизираше работата на раководството и одлуките што ги носеше раководството – дури и за работата на општинските организации. Тоа беше одлука со која и тогаш не се согласував и сè уште не се согласувам.

Назначувањето на претседатели на општински организации не треба да биде назначување за кое се носи одлука во канцеларијата на Бихаќка, туку треба да доаѓа изворно од членовите. Ние денес имаме една парадоксална ситуација во која првиот човек на СДСМ се бира на непосредни избори, ама првите луѓе на СДСМ во општинските организации се назначуваат од тој човек што е избран на непосредни избори. Мораме повеќе да го демократизираме процесот затоа што членовите седат по страна можеби токму и поради тоа што не чувствуваат дека вистински можат да учествуваат во носење на одлуките. На времето се избираа претседатели на општински организации на општински конференции. Тоа можеби не е идеален метод, меѓутоа според мене е подобар од назначување претседатели на општински организации некаде во некоја канцеларија.

Станува збор за принцип дали ќе работиме по социјалдемократски принципи или ќе се обидуваме да имитираме нешто што никогаш нема да биде својствено за нас. Рецептот за успех на СДСМ никогаш нема да биде ист како рецептот за успех на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашата заложба како партија е за нов изборен модел, изборен модел што ќе биде заснован на отворени листи. Овој модел со затворени листи не само што е застарен туку оди спротивно на интересите на СДСМ. Велам конкретно на СДСМ затоа што членството и симпатизерите на СДСМ сакаат појасно да ја изразуваат својата волја.

Ние зборуваме за отворени листи уште додека бев во СДММ, затоа што тогаш точно ќе можеме да го заокружиме оној кандидат што сакаме да го видиме во советничките или во пратеничките клупи. Тоа многу ќе го промени степенот на мотивација за учество на членството во предизборните процеси. Оти кога ќе дадете една затворена листа, пред да започнат изборите, она што е случај во практика во сите изминати години е дека едната половина се задоволни, а другата половина незадоволни затоа што нивниот кандидат не се нашол на местото каде што тие сакале да го видат. Вака, направете отворени листи и тогаш сите ќе се ангажираат за да гласаат за кандидатот што ќе освои најмногу гласови.

Извор: Слободен печат.мк

 

Кристина Костова став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.