Калина Коси: Иако многу многу поретко, се случувало и порано да се степаат деца. Женско со женско, машко со машко, еден на еден. Скубење за коса, некое кошкање меѓу машките на земја, по некоја клоца кога ќе се степаа група деца. Толку. Скоро секогаш се наоѓало некое друго дете кое се обидува да ги раздвои, и успевало во тоа. Некогаш веднаш ќе си пружеа рака, некогаш ќе се смиреа после саат два, некогаш ќе останеа скарани, ама и двајцата со свиткани глави од страв, да не дознаат мама и тато.
А кога ќе дознаеа, од школо, реонскиот полицаец кој пред да те каже малку ќе те „подбере“ или од комшилук, особено ако си крив, прво ќе си добиеше една добра „воспитна“ дома за памтење, па ќе те фатеа за рака и ќе те тупосаа пред другото дете и ќе те натераа да му се извиниш, сакал ти или не! И немаше да ти текне друг пат со некого да се рчкаш! Така се правеше тоа!
Што е ова сега? Во што сме ги претвориле децата? Какви се овие мини монструми? Состојбава сите сериозно треба да не загрижи!
Овде не се работи за тепачки од типот „му се налутив, во лутината го удрив“. Овде се работи за смислени сценарија на агресивни филмови кои се снимаат во живо, кои се планираат предвреме, во кои главниот насилник е херој кој гордо се објавува по социјалните мрежи! Ова што го гледаме е длабоко нарушување во личноста на децата кое тешко се лечи. Не се граничи, туку е класично однесување на психопати и садисти кои буквално уживаат, се смеат, исчекуваат и бараат што е можно погрозоморно насилство, понижување и измачување на жртвата. Да се смееш кога некој лиже измет, клечи на колена и моли, ти течат лиги кога на некој му тече крв, и да навиваш и бараш уште еднаш да удри, и да викаш „ќути, да слушнеме како ќе пукне, ај сега бокс, малку и е“? Тоа е сериозна психијатриска дијагноза за лекување во болница! И на тој што удира и на тој што навива, нема разлика во забеганоста!
Што чекаат институцииве јас стварно не разбирам! Баш ги заболе психопатчињата за казната од 250 евра! Ќе ја платат мама и тато! Вратете ги реонските полицајци. Да ги стават под контрола децава психопати, кои малтретираат и се изживуваат врз послаби, вриштат, пцујат, кршат клупи во 3 сабајле без око да им трепне. Заостри ги казните. Праќај во поправни домови се што се покажало мрднато и болно. Баталете парични казни, права на деца, чуда, врагови, глупости. Одврзи им ги рацете на полицајците малку, нека поседи монструмчето неколку дена во станица затворено во 4 ѕида, да види како е. А кога ќе излезе, удри му задолжителна казна од минимум 3 месеци да мете улици и да собира ѓубре секој ден, на сонце, на пеколот, на пороен дожд и град или на минус сред зима! Па ќе зборуваме тогаш дали ќе има ефект или нема да има! И тоа како ќе има!
Што правиме луѓе? Чекаме да пораснат овие во серијски убијци или што? Ригорозни мерки под итно!
Извор: Фејсбук



