Симеон Мони Дамевски: Читам огромен број коментари во врска со насилието меѓу децата, и речиси сите се занимаваат со решавање на симптомот наречен насилство (булинг по модерно). Затоа решив да напишам некој збор, зашто од што се занимаваме постојано со лечење на симптомите многу ни е здраво општеството.
За тие што не се запознаени, ние сме земја со огромен број на корисници на дроги. Од психијатриски до улучни.
Додека родителите се клукаат со дијазепами, лексилиуми и анти-депресиви за да се смират од стресот, помладите и децата се стимулураат со алкохол, кокаин (велат бил модерен во моментов) и амфетамини.
Ако не верувате излезете навечер по кафулињата и ноќните клубови. Дрогите се извор на насилие.
Речиси сите масовни убијци во САД биле на анти-депресиви.
Кокаинот е познат по тоа дека предизвикува дрскот и агресивнст. Нека им направат тест на најновиве “насилници” и ќе видат за што зборувам.
Затоа, само кога родителите ќе почнат да си ја вршат работата дома, педагозите и образованието во училиштата, полицијата (а не камери) на улица, како што беше во моите тинејџерски години кога имаше позорникари во секој реон, а власта ќе почне навистина да се грижи за доброто на сите граѓани, а не само за сопствените и партиските интереси, ќе имаме подобри и млади и стари генерации, и побезбедно и подобро општество.
Извор: Фејсбук



