Иван Пешевски: Статус за сите работодавачи во државата:
Минимален износ на регрес за годишен одмор во приватен сектор е најмалку 19.115 денари, односно 40% од просечната нето-плата во последните три месеци.
Јавен сектор, 13.559 денари односно 30% од просечната нето-плата за претходната година.
Бидејќи се жалите дека нема работници дајте 100% регрес … нема да осиромашите, а уште помалку да затворите, бидејќи гледаме какво конто имате со неколку вработени.
За тие со повеќе од 50 вработени воопшто не дискутирам дека можат и цел износ на регрес и 13та плата.
Не се работниците непродуктивни, Вие сте „скржави” затоа што нема држава да Ве мавне по капа.
Мава само по џебот на граѓаните!
П.С. на држава мислам на државни институции и Влада.
П.П.С. регрес се дава пред годишни одмори не за прослава пред нова година.
Имајте мирно и безбедно лето!
Извор: Фејсбук



