Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

0
By Zoran Ivanov on July 5, 2026 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 5, 2026 15:35

Големиот шумски пожар што избувна синоќа околу 20:30 часот во планинската област кај Ореокастро, предградие на Солун, во голема мера е локализиран и повеќе нема активен фронт, информираат од грчката противпожарна служба.

Иако куќите беа успешно одбранети, огнената стихија која брзо се прошири од клисурата кон рамнината, целосно уништи два индустриски погони – фабрика за рециклирање и фабрика за текстил. Жителите на Солун во текот на ноќта можеа да го видат пламенот, но и да слушнат серија силни експлозии од запаливите материјали во индустриската зона.

Градоначалникот на солунската општина Неаполи-Сикис, Симос Даниилидис, упати сериозен апел до граѓаните строго да ги следат официјалните упатства за заштита. Тој предупреди дека над пошироката област на Солун се шири токсичен облак од чад.

Во индустриската зона има мазива, нафтени деривати, како и фабрика за рециклирање во која се складираат огромни количини пластика. Се слушаа континуирани експлозии во текот на ноќта, изјави Даниилидис за медиумите.

Воздушните сили ќе продолжат со дејствување и во текот на денот, со цел да се намали густиот црн чад и да се ограничи испуштањето на опасни супстанции во атмосферата.

Поради непосредната опасност, синоќа преку СМС пораки беше наложена итна евакуација на неколку локации:

Во извештаите се наведува дека нема настрадани граѓани. За време на интервенцијата повредени се четворица пожарникари – тројца поради респираторни проблеми од чадот, а еден поради ортопедски повреди.

Како главен осомничен за предизвикување на катастрофата е приведен 76-годишен маж. Според информациите од противпожарните служби на терен, при приведувањето мажот изгледал како да е под дејство на алкохол.

На терен во Ореокастро сè уште остануваат 160 пожарникари, 52 возила, 5 пешадиски екипи и воздушна поддршка. Пожарот моментално е изолиран во пошумена област, а екипите се фокусирани на континуирано ладење на жариштата околу двете изгорени фабрики за да се спречи повторно разгорување на огнот.

 

пожар Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.