Фатмир Битиќи: Фискалниот бројач ја заврши расправата за ребалансот за Буџетот за 2026 уште пред таа и формално да започне: за половина година Владата потроши 115,9% од првично планираниот годишен дефицит, а веќе реализираше 98,3% од новиот дефицит што сега го предлага со ребалансот.
Ова не е инструмент на одговорно планирање, туку фактура за промашениот буџет од декември. Владата бараше доверба за дефицит од 3,5% од БДП, а сега предлага 4,1%, со зголемување од 7,025 милијарди денари. Најопасно е што се влошува и примарниот дефицит, што значи дека ова не може да се сокрие зад камати, стар долг или наследени обврски — ова се тековни одлуки на оваа Влада.
Владата зборува за развој, но крати таму каде што треба да се создава продуктивност. Ребалансот не носи посилна економија, туку буџетска шминка: даночните приходи се намалуваат, акцизите паѓаат, а растот на приходите се потпира на неданочни приходи, донации и задолжување. Истовремено, се кратат клучните развојни ставки: програмата „Економски развој“ се намалува за 661 милион денари,
Унапредување на деловните активности“ паѓа за 1,2 милијарди денари, а финансиската поддршка на инвестициите се намалува за 200 милиони денари. Поддршката за малите и средни претпријатија останува симболична, околу 15 милиони денари за цела држава.
Ова е ребаланс што не произведува одржлив раст, туку зависност од долг, трансфери, тековни интервенции и политичка распределба.
Извор: Фејсбук



