Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

0
By Xhabir Deralla on July 12, 2026 ПОЛИТИКА
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 12, 2026 11:56

Ако граѓаните треба да го дадат конечниот суд, зошто Мицкоски се плаши да ги праша?

Џабир Дерала

Ако во своите изјави премиерот Христијан Мицкоски се обидува да купи време криејќи се зад апстрактниот „суд на граѓаните на следните избори“, реалноста постојано го предизвикува и целосно ја разоткрива нелогичноста на неговите изјави.

„Може да се договараме, може да разговараме, бараме решение, конструктивни сме и така ќе продолжиме, но безусловно јас потпис да ставам на нешто што го прифатила претходната влада, или таканаречената капитулација, додека сум јас ова што сум, тоа не мора да го направам“, гласи изјавата на премиерот, како ехо на сите претходни откако ја презеде власта во 2024 година.

Мицкоски безброј пати изјави дека конечниот суд ќе го дадат граѓаните на избори.

„На крајот од денот ќе дојдат избори, граѓаните ќе го кажат својот збор. Ако мислат дека јас сум погрешил, ќе гласаат за спротивната политичка опција, ние ќе заминеме во опозиција. Јас ќе заминам од политиката, ќе дојдат некои нови лидерства“, изјави тој.

Но Мицкоски не мора да чека на избори, дури ни предвремени, како што се чини дека ги подготвува.

Едноставно, премиерот може да распише референдум.

Во неодамнешната колумна од неговиот сопартиец, проф. Оливер Андонов, лидер на Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, брутално го затвора тој маневарски простор. Андонов во својата колумна на ЦИВИЛ Медиа под наслов „Сила, страв, или друго ќе да е“ (5 април 2026) поставува хируршки прецизен политички предизвик кој го деконструира целиот наратив на шефот на владејачката партија за „подобар договор“ и „заштита на идентитетот“.

Ова веќе не е само прашање за механизмите на демократијата (референдум наспроти избори), туку директен предизвик за политичката храброст, дипломатскиот капацитет и вистинската ориентација на премиерот, ако сакате, и неговото геополитичко позиционирање.

Силен удар во колумната на Андонов е и предизвикот со кој го разоткрива политичкиот блеф на премиерот: „раскини го договорот за добрососедство со Бугарија и влези во нови преговори од почетокот.“

Со години, политичката платформа на Мицкоски се базира на тезата дека претходната влада „капитулирала“ и дека тој и неговата партија имаат капацитет да испреговараат нешто подобро. Андонов го побара тоа на дело. Доколку премиерот е навистина супериорен дипломат, логичниот потег е поништување на „штетниот“ договор.

Зошто Мицкоски никогаш нема да го стори тоа? Затоа што тој е свесен дека надвор од домашниот популизам, реалноста во Брисел е сосема поинаква. Фактите се немилосрдни, без оглед на тоа колку тој и неговата медиумско-пропагандна машинерија се обидуваат да ги замаглат. Раскинувањето на договорот би значело не само крај на европскиот пат, туку и отворена конфронтација со целата меѓународна заедница. Оттука, на Мицкоски не му одговара ништо друго освен статус кво. Тој веќе две години и кусур владее врз основа на критика на еден договор кој нема храброст ниту да го прифати, ниту да го раскине.

Според информации што во тој период циркулираа во добро информирани дипломатски и политички кругови, Мицкоски, далеку од очите на јавноста, во периодот од „Францускиот предлог“ до изборите во 2024 година, ги уверувал западните дипломати дека ќе ги спроведе уставните измени во рок од три месеци по доаѓањето на власт. На западните соговорници им ветувал едно, додека пред домашната јавност градел сосема поинаков политички наратив.

Но тоа е друга, многу подлабока политичко-дипломатска приказна – за ветувањата, предупредувањата што не беа слушнати и проценките што се покажаа како погрешни. Приказна што не завршува со изборите во 2024 година. Напротив, можеби токму таму започнува.

Она што оваа анализа ја прави особено релевантна за разбирање на надворешнополитичкиот курс на државата е дипломатскиот итинерар на премиерот и неговиот министер за надворешни работи. За овој текст да остане сериозен, нема да ги коментираме патешествијата на претседателката.

Политичкиот врв на земјата веќе две години води двојна политика: формално се декларира како проевропски, а суштински спроведува политика што ја одржува државата во блокада. Таа противречност се оправдува со наводниот „билатерален спор“ со Бугарија, иако прашањето одамна е вградено во европската преговарачка рамка и веќе не може да се претставува само како спор меѓу две држави.

Се прави само толку „европски“ напор колку што е потребно за да се задржат политичката легитимност пред Брисел и пристапот до европските фондови, но никогаш доволно за процесот навистина да се помести од мртвата точка. Европската реторика останува присутна, додека европската интеграција намерно се одржува замрзната.

Во меѓувреме, политичката и дипломатската агенда сѐ почесто ја одбележуваат средби и блискост со авторитарни, илиберални и евроскептични политички актери, чии политики и вредносни системи се во директна спротивност со демократските принципи на кои власта формално се повикува.

Веќе одамна нема дилеми: европскиот пат не е блокиран поради неспособност, недоразбирање или дипломатска несмасност. Неговото блокирање е вистинската политичка цел на оваа власт.

Овие опсервации се клучни за да се разбере политиката на Мицкоски. Навидум изгледа како заталкан, а во суштина само ја исполнува својата агенда. Несмасно и грубо, но исполнува. (Како ја „промашивме“ Европа: Мицкоски не греши – тој исполнува, ЦИВИЛ Медиа, 19 февруари 2026)

Самото присуство на Мицкоски во центрите на одлучување на Европската Унија не е доказ за европска политика. Политичката ориентација не се мери според бројот на средби и фотографии, туку според одлуките, сојузништвата и резултатите. А резултатот е држава со замрзнат европски процес и со власт што сѐ поотворено се движи во орбитата на илибералните и авторитарните политички центри.

Добро е да се повтори:

Она на што сведочиме не е принципиелна одбрана на националното достоинство, туку познат образец на демократско назадување, скриено зад суверенистичка реторика. (Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат, ЦИВИЛ Медиа, 31 јануари 2026)

Со погрешно идентификување на Европската Унија како гарант на идентитетот и со претворање на обврзувачките услови за пристапување во наратив за билатерално препукување, владата ја поместува дебатата од доменот на институционалната одговорност кон емоционалната мобилизација. Не е важно што реториката е нелогична. Не е важно што се пласираат невистини и полувистини, силно зачинети со националистички популизам. Ако тоа е политички корисно за власта, никому не му е важно што е логично и точно, а што не.

Кога правилата стануваат непријатни, тие се претставуваат како неправедни. Кога обврските ја ограничуваат моќта на властодршците, тие се прикажуваат како наметнување однадвор и мешање во внатрешните работи. А кога напредокот налага одговорност, тогаш стратегијата се заменува со реторика. Популистичка и националистичка.

Така започнува демократското назадување – не со отворено отфрлање на Европа, туку со постепена делегитимизација на нејзината рамка. ЕУ престанува да се третира како правна и политичка заедница со јасни процедури, туку како апстрактен противник од кого се бараат невозможни гаранции. Во таков политички простор, неуспехот секогаш може да се префрли на некој друг.

Затоа, идејата за референдум е вистинска стапица за нелогичната реторика на премиерот.

Андонов дури и го формулира референдумското прашање кое раководството на ВМРО-ДПМНЕ најмногу се плаши да го постави: „Дали сте за внесување на петте малцинства во Уставот на Македонија, вклучително и Бугарското?“

Со ова, Андонов му го одзема на Мицкоски правото да се крие зад партијата или зад апстрактните ветувања на некои идни избори, редовни или предвремени, сеедно. Зошто ова прашање е толку опасно за премиерот?

Ако распише ваков референдум и повика на гласање „ЗА“: Тоа е целосно признавање на поразот на неговата досегашна политика.

Ако распише референдум и повика на гласање „ПРОТИВ“: Тоа е институционализирање на антиевропскиот курс и преземање директна, историска одговорност за блокирањето на државата, нешто што и на меѓународниот фактор ќе му го намали просторот за удобно мижење и политика на стабилократија.

Ако продолжи да го игнорира прашањето за референдум (како што прави сега), тоа не е ништо друго, освен признание дека се плаши. Лидерот кој се повикува на волјата на народот, всушност, се плаши од сопствениот народ кога треба да се донесе конкретна, тешка одлука.

Но еднаш ќе им се види крајот на сите изговори на власта, како и на политичката удобност во која се нишкаат опозицијата, корумпираните медиуми, квазиграѓанското општество и дел од европската дипломатија.

Анализите и предупредувањата на оние што денес се третираат како што дисидентите беа третирани во доцните фази на комунизмот неизбежно ќе избијат на површината. Тогаш многумина што денес молчат ќе се удираат в гради и ќе тврдат дека отсекогаш биле на вистинската страна – и ќе лапнат уште некое милионче од европските стабилократи. А можеби и Мицкоски – или некој нов Мицкоски – преку ноќ ќе стане „проевропски реформатор“.

Но до тогаш останува едно едноставно прашање, од кое не може бесконечно да се бега: ако навистина верува во волјата на граѓаните, зошто не ги праша?

Токму тука завршува реториката и почнува одговорноста.

И токму тука завршува блефот.

 


Напомена: Овој текст претставува лично потпишан авторски став и анализа. Целосната одговорност за неговата содржина ја презема авторот. | Сите права се задржани.


ЦИВИЛ МЕДИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.