Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

0
By Zoran Ivanov on July 17, 2026 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 17, 2026 08:43

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај, УНЕСКО повторно предлага регионот да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Иако се нотирани одредени позитивни чекори, Комитетот оценува дека клучните препораки од претходните мисии и одлуки сè уште не се спроведени. Затоа од Северна Македонија и Албанија се бара да подготват заеднички план со конкретни корективни мерки.

На само неколку дена пред почетокот на 48. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, повторно се предлага Охридскиот Регион, да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност.

Во најновиот извештај се наведува дека, иако двете држави презеле одредени активности, сепак е забележан ограничен напредок. Според Центарот за светско наследство, голем дел од препораките од реактивните мониторинг мисии и претходните одлуки на Комитетот сè уште не се целосно спроведени.

Да се спроведат корективните мерки за зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион. Да се запрат нелегалната градба, урбанизациските притисоци и деградацијата на природното и културното наследство, стои во Нацрт-одлуката.

Во документот, од земјава и од соседна Албанија се бара да изготват заеднички акциски план со јасно дефинирани мерки и рокови за нивна реализација. Научната фела смета дека со години недостигаат одлучни мерки за заштита.

Сметам дека тапкаме во место, затоа што постојано го повторуваме истото и постојано се доведуваме во опасност Охридскиот Регион да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО. Значи, ова не е од вчера. Ова се случува 10, 15, 20, 30 години наназад и мислам дека сè уште стоиме во место, и покрај добрата волја. Јас верувам дека постои волја да се решат проблемите, дека ние свесно не го запоставуваме езерото, меѓутоа не сме доволно фокусирани, вели Орхидеја Тасеска директор на Хидробиолошкиот Институт Охрид.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, не сакаше да го коментира Нацрт-извештајот. Вели од 2019 година наваму сите извештаи се со слична содржина, својот став ќе го соопшти по одлуката.

Конечниот збор ќе го има Комитетот за светско наследство на 48. сесија, која од 19 до 29 јули ќе се одржи во Бусан, Кореја.

 

опасност Охрид уинеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.