Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Платеници на ѓаволот

0
By Zoran Ivanov on July 24, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 24, 2026 18:57

Денешниот модел на ВМРО не е идеен наследник, ниту револуционерен потомок на ВМРО како што е моделирано во Уставот на Гоце Делчев и Ѓорче Петров напишан непосредно пред востанието, кои во члено 3, недвојбено забележале дека член на Организацијата може да биде секој Македонец, исфрлијќи го дотогашното “секој Бугарин”.

Бошко Нацевски

Некои ашлаци не може да сфатат дека се додека некого и нешто спомнуваш, тоа постои. Што повеќе тоа го повторуваш, па дури и во најмрачна, најгнасна конотација, неговото присуство во свеста на човекот се зацврстува. Четирите букви на партијата на власт, ни од далеку во така грандиозна брјност не се спомнуваат во нивната партиска програма, ниту од трибините за време на изборите, како што тоа го прават некои забегани персони во бладањата и критиките за семакедонска елиминација.

Тие што го изнедрија Македонското револуционерно движење, да почнеме од шестмината солунски творци, од кресненските војсководци, од илинденските корифеи, гемиџиските борци, таа днамитна братија, чии бомби го разорија Солун, а ја измести од стаклените нозе старата европска дама, не беа туѓи маши, како што цинично протураат овие денешни пропагандни трубачи, продадени души, туку беа елитни револуционери, саможртвеници со интелектуално педигре.

Многумина дипломирани или студенти од европските метрополи. Учители, професори, правници, литерати, новинари, свештеници, а не друмски разбојници, ниту пијаници, какви што се обидуваат да ги портретираат овие современи национални саботери и предавници.

Негатори на националната историја, на етно коренот, автентичноста на јазикот и посебноста на културниот израз и препознатлив фолклорен знак. Не беа дворски манекени, ниту бугарски генерали, кои, како што е познато, од прв до последен, додека македонскиот народ крвавеше. тие, заедно со своите војници го преспаа Илинден. Денешниот модел на ВМРО не е идеен наследник, ниту револуционерен потомок на ВМРО како што е моделирано во Уставот на Гоце Делчев и Ѓорче Петров напишан непосредно пред востанието, кои во члено 3, недвојбено забележале дека член на Организацијата може да биде секој Македонец, исфрлијќи го дотогашното “секој Бугарин”.

Критизерите, од анационална, поточно речено туѓинска провиниенција, негирајќи го статусниот и национален знак на денешното ВМРО, всушност работат во интерес на бугарскиот хегемонистички проект, да се негира нејзиниот македонски национален карактер, за да се ампутира безмалку век и повина од столбот на историскиот континуитет на македонската национална историја и да ја фундаментираат фалшивата идеолошка матрица на бугарскиот пропаганден апарат дека нашата идентитетска историја, јазик и култура е зачната како фабрикат на Титова Југославија.

Овие теории на лудаци треба да се дочекуваат на шпицот од обувките, исто како и тие платеници на ѓаволот, кои делуваат за разгром на нашето национално и државно постоење.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

бошко нацевски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.