Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба „Архив на тага: Скопје 1963″ и промоција на дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов

0
By Zoran Ivanov on July 27, 2026 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 27, 2026 20:18

Во Музејот на град Скопје е отворена изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот, а воедно ќе биде  промовирано и дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival Materials of Vasil Hadzimanov)” од Ана Мартиноска и Жарко Иванов.

Книгата и изложбата отвораат два влеза во истиот архив: преку зборот и преку фотографијата, преку гласовите на жените што ја оплакувале загубата и преку погледот што ги сочувал нивните лица, движења и обреди. Овие архивски материјали, повеќе од шест децении недостапни за јавноста, денес сведочат за тагата како лично искуство, заеднички обред и дел од културната меморија на градот, велат авторите на книгата.

2023 година ја објавивме книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“, додаваат, нашата првенствена намера беше пред научната и пошироката јавност да претставиме еден долго време недостапен корпус од македонското фолклорно наследство.

Ракописните и звучните записи што Хаџиманов ги создал непосредно по катастрофалниот земјотрес, на погребите и помените на жртвите, повеќе од шест децении останале расеани во неговата архивска оставнина. Нивното пронаоѓање, дигитализирање, расчитување и приредување ни овозможи да ги вратиме во јавниот и научниот простор гласовите на луѓето што својата загуба ја изразувале преку еден од најстарите, а истовремено и најмалку проучуваните фолклорни жанрови. Книгата ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајно научно остварување, како и наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за придонес во науката и книжевноста поврзан со градот и со неговото историско паметење, посочуваат авторите.

Нагласуваат дека Дополнетото и двојазично издание„Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival Materials of Vasil Hadzimanov)”, прво во ваква форма, произлезе од интересот за книгата надвор од македонскиот научен простор, но и од сознанието дека работата со архивата на Хаџиманов не беше завршена со изданието од 2023 година.

Натамошното пребарување донесе дополнителни белешки и фотографии што тој ги направил во разурнатото Скопје, на гробиштата во Бутел и при погребните обреди. Дел од овие документи се вклучени во ова издание и го прошируваат сведоштвото за околностите во кои биле снимани тажачките песни. Ова издание е дополнето и со музиколошки прилог на Вера Милошевска-Јосифовска, кој ја проширува анализата на мелодиските, ритмичките и изведувачките особености на материјалот, прецизираат авторите.

Особено значајна новина, нагласуваат, е англискиот превод на Милан Дамјаноски, со кој научните прилози и објавените тажачки песни стануваат достапни за меѓународната научна јавност. Преведувањето на еден ваков корпус поставува специфични предизвици. Дијалектните форми, роднинските називи, вокативните обраќања, повторливите тажачки формули и значенските нијанси на усната изведба не секогаш имаат непосредни еквиваленти во англискиот јазик. Во преводот се настојува да се зачува документарната вредност на записите, а притоа да се овозможи нивно читање и разбирање надвор од македонската јазична и културна средина. Двојазичниот распоред му дава можност на читателот непосредно да го споредува оригиналот со преводот и да ги согледа местата каде што јазичната и културната специ фичност бараат дополнително толкување.

Изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“ (фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди), чијшто авторски концепт го подготвивме во соработка со фотографот-документарист Иван Блажев од Архив МАНУ „Харалампие Поленаковиќ“, за првпат ќе претстави дел од досега неприкажаните фотографии што Хаџиманов ги направил на скопските гробишта по земјотресот. Фотографските сведоштва за погребните и тажачките обреди ќе бидат поврзани со дигитализираните звучни записи, така што посетителите истовремено ќе можат да ги гледаат визуелните документи и да ги слушаат гласовите на жените што ги оплакувале своите блиски. Со спојувањето на сликата и звукот, архивскиот материјал добива нова музејска и меморијална форма, а промоцијата на дополнетото двојазично издание станува дел од поширокото одбележување на делото на Хаџиманов. Неговиот исклучителен собирачки, мелографски и документаристички труд сè уште не е целосно истражен, а голем дел од оставнината останува предизвик за идни проучувања. Се надеваме дека книгата и изложбата ќе придонесат неговото дело да добие повидливо место во историјата на македонската фолклористика, етномузикологија и визуелна култура и дека ќе поттикнат натамошно објавување и проучување на материјалите што ги собирал со децении, порачуваат авторите на книгата.

 

 

изложба скопје 1963
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.