Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илинден 2026, Ташмаруниште и демократскиот капацитет на Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on August 4, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 4, 2026 15:16

Оливер Андонов: Очигледно е дека владата на Мицкоски се соочува со проблеми самата со себе.

Одамна заклучивме дека Мицкоски нема демократски капацитет, затоа на таков начин функционира партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски избира органи и тела кои подоцна истите го избираат него.

Како внатрепартиска фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, одамна предупредивме на оваа забегување и последиците од истото кои ќе се рефлектираат врз демократијата во Македонија и посебно кон нашите европски интеграции.

Тоа што се случило во Ташмаруниште на ИЛИНДЕН – 2-ри Август е доказ за тоталитаристичката матрица на Мицкоски и вирусот кој е навлезен во нашата партија.

Да приведуваш лица заради јавно и уставно загарантирано право на искажување мислење, несогласување и револт кон политиката на актуелниот премиер е демонстрација на сила и заплашување, но многу повеќе го покажува нивото на демократски капацитет. Уште кога поради тоа ќе се алудира на тоа дека лицето било во алкохолизирана состојба и имало бугарска лична карта, се е јасно. Ова потсетува на едни други времиња кога Сребра го испрска Киро Глигоров на Мечкин Камен со „непозната течност”, а потоа се плетеа разни сказни за возила со бугарски регистарски таблици.

Ами што правиме со бугарските документи на министрите во владата на Мицкоски, како и на половина од членовите на ВМРО-ДПМНЕ?

Муцунски изјави дека владата „под радар” работела на решавање на прашањето со Бугарија. Ами како тоа влада која е обврзана да работи транспарентно како основа на демократијата крие од суверенот (народот) што тоа преговара “под радар” или тајно?

Ова е иста состојба како Заев кога преговараше за името. Затоа ли Мицкоски не презема правни постапки против Заев? Затоа што постапува потполно исто.

Ете толку од демокртаскиот капацитет на Мицкоски, неговата влада и клиентелата во нашата партија .ВМРО-ДПМНЕ.

Кога имате недемократска партија, создавате тоталитарна идеологија до степен на култ на личност, а таа тоталитарност и недомокртаичност со сета сила ја пренесува во владеењето со државата и самата држава ја прави не демократска.

Затоа ни се случува Мицкоски да бега од прашања на граѓани (Битола), да неговото обезбедување и полицијата приведуваат граѓани кои јавно искажуваат револт и несогласување со Мицкоски, да се носат нашите сопартијци понпартиска директива со автобуси, како стока на говори на Мицкоски и да се малтретираат луѓето на горештините за да се чувствува Мицкоски вредно. Тоа чувство се обидуваат да му го подигнат и ФБ ботовите, но тешко оди тоа инпокрај остурањето на огромни количини на омраза.

Дотука е на Мицкоски, а неговиот политички досег е Мацут и ништо повеќе.

Лош имитатор на Вучиќ, но и лоша клиентела и се помалку заблудено партиско членство кое чека решавање на егзистенцијатаби милост од „господарот”.

Во недостиг на силна опозиција и покрај недемократакиот капацитет и тоталитаристичката матрица на Мицкоски и другарчињата му, како и атаците со ботови врз секоја слободна мисла, сепак и во ВМРО-ДПМНЕ но многу повеќе во македонската јавност се создава силен опозициски став кој никаков притисок и недемократичност нема да може да го намали.

Тој гнев и револт на суверенот кон недемократијата и истовремено хедонизмот на Мицкоски и другатите му кој патем го кодошат низ Европа за да си остават отстљпница за себе си, се канализира во една народна – граѓанска опозиција, односно опозиционен став и револт кон владата на Мицкоски.

Времето одминува Христијане Мицкоски, а тоа е најскапото нешто, бидејќи не се враќа. А за недемократија и тоталитаризам има лек, посебно за работа зад грбот на суверенот.

Извор: Фејсбук

опливер андонов став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.