Весна Костовска: Во својот говор на Илинден, прочитан на македонски стандарден јазик, за кој меѓу најзаслужните е Блаже Конески, Милошоски изјави:
,,Колку ќе вреди македонскиот јазик, ако нема кој да го говори и да им го пренесе на своите внуци?”
Но Милошоски, во 2011 година, кога беше министер за надворешни работи, за Блаже Конески го употреби изразот „џуџето од Небрегово“.
Неговата изјава гласи:
„Џуџето од Небрегово направи штета која ќе ја чувствуваат многу генерации.“
Тој го обвини Конески дека при кодификацијата на литературниот македонски јазик премногу се потпирал на српскиот јазик и дека со тоа го оддалечил стандардниот македонски од некои народни говори.
Самопрогласениот ,,лингвист” Милошоски никогаш не се извини за изјавата, туку тврдеше дека станувало збор за негов политички и историски став за процесот на јазичната кодификација.
Од денешен аспект, прашувам:
Кои се последиците од таа ,,штета” за стандардниот македонски јазик? Дали Милошоски имаше некаков јазичен проблем при читањето на својот говор?
Дали многу генерации ја чувствуваат ,,штетата” што ја направи Конески?
Во оваа тему-држава, слободата на говорот значи слобода на незнаењето, и пат кон највисоките државни функции.
Јазикот не го дава, ама го плук(н)a најзаслужниот македонски лингвист. Очигледно дека и Конески е меѓу ,,талогот” на општеството.
Се гордеам што сум ,,талогот”.
Извор: Фејсбук



