Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

0
By Xhabir Deralla on October 10, 2026 ИЗБОР, ПОЛИТИКА, ТИКЕР, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 10, 2026 15:21

Конференцијата во Софија на 8 октомври потврди дека Коридорот 8 веќе не е само транспортен проект, туку стратешка врска меѓу Јадранското и Црното Море, со растечко значење за европската безбедност. Но средбата меѓу министрите Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова не донесе приближување на позициите.

Додека се отвораат нови геополитички можности, Северна Македонија останува заглавена во сопствените политички блокади. Ова е една од главните поенти во опширната анализа на Џабир Дерала, „Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади“, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА, на 9 октомври.

Во основата на застојот е неисполнетата обврска од 2022 година – уставното признавање на Бугарите и другите заедници. Владата на Мицкоски бара дополнителни гаранции против евентуални идни блокади. Недовербата кон Софија има основа во претходните спорови, но не го менува веќе договорениот услов.

Се работи за политичка манипулација. Можните идни блокади се претставуваат како оправдување за сегашниот застој, а одговорноста се префрла врз Софија и Брисел. Притоа, се занемарува дека добрососедските односи се суштински, хоризонтален политички критериум во целиот пристапен процес.

Постапките и јавните настапи на највисокото политичко и дипломатско раководство оддаваат слика на случајни, несмасни и неинформирани ликови, изгубени во комплексната реалност во која се наоѓа регионот и Европа.

Политичките пресметки со поранешните функционери не можат да ја заменат државната стратегија. Посебно загрижуваат етнички обоените напади врз поранешниот министер Бујар Османи, еден од главните носители на дипломатскиот процес што доведе до усвојување на Преговарачката рамка и отворање на пристапните преговори во 2022 година.

ЦИВИЛ со години ги документира националистичките манипулации, антиевропските наративи и хибридните операции. Во создавањето на токсичниот јавен амбиент учествуваат и дел од медиумите, академската заедница и граѓанските структури. Особено опасни се обидите да се постават етнички граници на јавната дебата.

Цената на застојот станува сè повидлива. Албанија, која го започна процесот заедно со Северна Македонија, веќе ги отвори сите шест преговарачки кластери и привремено затвори три поглавја. Скопје сè уште го нема отворено првиот кластер.

Но проблемот не завршува со уставните измени. Владеењето на правото, корупцијата, институционалните реформи и способноста да се разбере новата геополитичка реалност се предизвици што не исчезнуваат со политичките изговори.

Европските врати се отворени. Прашањето е колку долго Северна Македонија ќе остане во сопствениот лавиринт.

„Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади“, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА, 9 октомври 2026 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.