Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бред Пит од Бит-пазар

0
By Xhabir Deralla on October 17, 2026 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА, СТАВ, ТИКЕР, УДАРНО, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 17, 2026 11:40

Билјана Секуловска | 25 минути

Никако не смее да дозволиме да ни се случат во Македонија оставки за бегството на младата Бугарка Ива Михаилова. Затоа што, нема да остане ниту едно име од списокот, барем еден функционер на власт да ја одбрани честа. О, да, во иднина нѐ чекаат и очекуваат безброј нови и нови бегства, ова е само почеток, во оваа земја нема никогаш крај, а сосема различно ветуваше почетокот.

Но, случајот со Ива Михаилова е само мала полноќна музика, нежна соната за да верувате дека вака изгледа светот, дека секаде има корупција, неказнивост, дека сите се виновни освен оние кои се одговорни, оние кои ја положиле заклетвата дека ќе им служат на граѓаните, оние кои се колнат во патриотизмот сѐ додека не ја почувствуваат моќта, милионите на располагање, привилегиите. Тогаш на сцена настапува ароганцијата, бесчувствителноста, немилосрдноста, тогаш ги зграпчува алчноста, лакомоста, анималниот инстинкт за природна селекција на Дарвин-послабите да ги снема, голтнати од политичките волци, какви бестијални ѕверови се тоа.

Има право министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој отприлика вака резигнирано, но одлучно тресна на масата на ТВ Сител и го кажа последниот збор, лут, бесен, револтиран, ние ли од него ќе бараме оставка, не се гледаме ли на што сме спаднале самите, честа е наша, негови се ордените:

“Ехехе, дами и господа драги, бегале од тука многу поважни и поголеми, за кутрата млада Ива Михаилова таквите гадови се Бред Пит, бегалците од претходните власти се величина од тој ранг, засрамете се, стопете се, пропаднете во црната земја, ако воопшто ве прими”.

И тоа сѐ говори за нас, за она што сме и она што никогаш не сме биле. Ниту пак некогаш ќе бидеме. За нас не се великани еден Черчил, Тесла,  Вирџинија Вулф, една Светлана Мојсов. Нивните имиња припаѓаат на светот, тука воопшто и не постоеле, затоа и во политичките говори и настапи нема да ги слушнете.

Но, од друга страна, разберете ја логиката на оваа земја, единица мерка за големина и важност кога некого споредуваме не може да бидат нобеловци, тогаш кога криминалот ви е сѐ што пружа државава. Затоа и ни преостанува да го мериме политичкиот, но и криминалниот живот со шесторазреден глумец, кој по денешните светски стандарди на Тик-Ток и Инстаграм плени со убавина на совршен грчки бог, но еднакво шуплив и празен како и светот околу него, еднакво колку што е и нашиот живот.

Така се замислува политиката во оваа земја, согласно капацитетот на оваа држава, што може да се понуди друго воопшто? Се разбира, ништо подобро и нема на овој Бит-пазар од стока-  цената е највисока колку повеќе станува збор за црнилото од дно, само тоа дно кое е бескрајна појава тука, само тоа го пали копнежот, но, штета, каква е тоа неверојатна штета.

Затоа што, никогаш нема да го спомне никој расниот талент на еден Беким Фехиу на пример, ниту пак ќе полетаат перја кои се крвави од пресечените вени, жртвувани за едни други времиња, во кои сепак државата беше сериозно сфатена.

Не вреди повеќе да се говори за бегството на младата Ива Михаилова. Нема зошто да се трошат овие букви кои ни ги подреди како срма од филигран еден Блаже Конески. Не сме ние за тука, а не и ни тој сега за нас. Би се преплашил од она што сега го гледа во нас, во што сме се претвориле, ние, неговите наследници. И би се засрамил, секако би потонал од срам, од нас, заради нас, само затоа што никој друг не се срами во оваа земја. А од срамот сѐ почнува. И совеста, и свеста,  и животот, и светот. Ако ништо од тоа нема, тој згаснува, сепак, во надеж дека никој нема да го заборави.

25 минути

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.