Кривичниот суд во Скопје изрече условни затворски казни од седум месеци за 14 обвинети учесници во тепачките на скопското Кале од февруари 2011 година.
Денешната судска одлука ги обврзува да не го повторат делото во наредните две години.
Инаку, ова е втора пресуда за ова кривично дело откако првата пресуда беше донесена за дваесет обвинети, кои заработија условна казна од три месеци.
Масовната тепачка на Кале настана на почетокот на 2001-та година како последица на револт поради започнување на изгрдаба на црква на скопското кале.