Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО+ВИДЕО) Македонија вработува, Керим отпушта – протест на „Вест“

0
By Сашка Цветковска on June 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 30, 2015 13:29


Вработените во дневниот весник „Вест“ денеска мирно протестираа пред канцелариите на МПМ против најавите на компанијата за отпуштање на десетици вработени и намалување на платите од 10 до 20 проценти.

Вработените се појавија облечени во маички на кои беше испишан слоганот „Македонија вработува, се бориме за секое работно место“- слоган кој е дел од новата владина кампања, иронично пренесувајќи ја пораката до менаџментот и сопствениците на компанијата кои важат за блиски до владејачката партија.

Нивните колеги од „Утрински весник“ и „Дневник“ не излегоа на протестот иако и тие се еднакво засегнати од планираните мерки, со исклучок на новинарката Јорданка Ивановска од „Дневник“која дојде да изрази поддршка.

Протестот се одржуваше на паркингот кај трговскиот центар „Зебра“, односно точно под прозорецот на канцеларијата на претседателот на извршниот одбор на МПМ, Срѓан Керим. Од канцелариите на МПМ за време на протестот вработени од прозорците ги снимаа и фотографираа оние кои протестираа, но се трудеа да останат незабележани.

„Вест„ е најтиражниот дневен весник во Македонија. МПМ ги издава дневните весници „Вест“, „Утрински весник“, „Дневник“, порталот „Телеграф“, како и други забавни и спортски магазини.

Компанијата доживеа многу турбуленции откако пред три години ја презедоа бизнисменот Јордан Камчев и контроверзниот екс дипломат и бизнисмен Срѓан Керим обележан со скандалот „700,000 евра во шише“. Тие во неколку наврати комплетно ги променија уредничките состави на „Дневник“ и „Утрински“, беа обвинувани за отпуштање новинари од идеолошки причини, вработените се жалат на притисоци врз уредувачката политика, а од весниците на претходните избори направија и најголем донатор на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ. Тимот на „Вест“ успеваше да се бори против притисоците од страна на власта и менаџментот и во неколку наврати јавно го покажаа својот револт.




Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.