НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Позитивни критики за „Сестрата на Сигмунд Фројд“ во Шпанија

0
By on March 13, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За неполни два месеца од објавувањето на шпански јазик во издание на „Алфагуара“ од Мадрид, романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ на Гоце Смилевски го доживеа и второто издание.

Шпанскиот дневник „Ла Вангуардиа“ во својата традиционална листа на десет најзначајни преводи за тековната година, го смести и романот на Смилевски.
– Со високите естетски вредности на овој роман, македонскиот писател Гоце Смилевски стана откровение на европската литература, пишува критичарката Изабел Меланхон во освртот на „Сестрата на Зигмунд Фројд“, објавен на страниците на „Ла Вангуардиа“.

Во Шпанија, како што информира Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје, се појавиле и други критички одгласи за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“. Во шпанското издание на магазинот „Есквајер“, романот е оценет како стилски и тематски моќен, како најдобрите дела на Жозе Сарамаго.

Во рецензијата во неделникот „Ла Разон“ се вели дека авторот преку ликовите, нивните размисли и животни стории, создава моќно преосмислување на лудилото и разумот, роман за животната мудрост. Алберто Мангуел, автор на „Историјата на читањето“ и на мемоарската проза „Со Борхес“, за неговото пријателство со Хорхе Луис Борхес, во критиката во дневниот весник „Ел Паис“ пишува – „Изграден длабоко, интелигентно, и со храбра имагинација, романот на Гоце Смилевски покажува како уметноста на фикцијата може да постави некои клучни прашања за кои историјата и другите науки не се осмелуваат да се запрашаат“.

За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија. Делото се преведува на 30 јазици во светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.