Објектот каде што работат инспекторитите на Агенцијата за храна и ветеринарство и санитарните инспектори во Битола конечно доби струја. Министертвото за здравство и
Агенцијата го платиле долгот од насобраните сметки поради кои ЕВН ја исклучи струјата на оваа државна институција. Откако НОВА ја објави информацијата очигледно
Министерството и Агенцијата се договориле кој колку треба да плати од долгот.
Во бараката која што е сопственост на Министерството за здравство цели три недели немаше струја, а инспекторите неможеа нормално да си ја извршуваат својата работа. Ова се случува во време кога букна аферата со канцерогеното млеко.
Не е јасно како инспекторите ги извршувале работите без струја, комјутери и основни средства за работа.
Во тој период и санитарните инспектори имаа полни раце работа бидејќи во битолската болница почина трудница, а пацинтите се смрзнуваа без парно греење.
Владата не се изјасни како дозволила оваа владина институција толку време да остане без струја и зошто не превземала мерки да се расчисти случајот.