Државјани на Египет, Мали, Сирија, Авганистан и Пакистан со цел да стигнат до границите на Европската Унија, синоќа биле откриени од царинските службеници на царинската испостава Железничка станица Гевгелија.
Илегалците биле скриени во меѓународен товарен воз.
Тие се откриени синоќа во Гевгелија, при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција – Австрија.
Дваесет од нив биле пронајдени во внатрешноста на четири контејнери со церада, а 11 во надворешниот дел на два вагони, легнати на носачите под натоварените контејнери.