Јапонците ја направија најмалата печатена книга, чии страници се со големина од 0,75 милиметри и воопшто не е можно се чита со голо око.
Микро книгата има 22 странички и содржи имиња и еднобојни илустрации на јапонски цвеќиња.
Креаторот на книгата „Шики но Кусабана“, Топан Принтинг, кој креира микро книги од 1964 година, изјавил дека буквите се широки 0,01 милиметар, направени со користење на иста технологија која се користи за печатење пари, за да се спречи фалсификување.
Книгата е изложена во Музејот Топан Принтинг во Токио, заедно со лупа и поголема копија се на продажба. Нејзината цена е 236 евра.
Топан изјави дека ќе аплицира за Гинисовиот светски рекорд, затоа што тврди дека неговата книга е помала од „Chameleon“ (30 страници големина 0,9 милиметри) на креаторот Антолиј Конранко од Русија.