Според податоците на Обединетите нации, светските мориња и океани се вечно почивалиште на околу 3 милиони потонати бродови, но еден од најубавите, всушност, не се наоѓа во морето, туку на 6 метри длабочина во бистрите води на езерото Онтарио, во Канада.
„Sweepstakes“ е брод кој потонал 1885, а бил изграден во Канада 1867. година. Денес е голема туристичка и нуркачка атракција во националниот парк „Fathom Five“.
Бродот „Sweepstakes“ пренесувал јаглен и кога се оштетил, властите решиле да го потонат во езерото.
Подоцна, канадските власти, потонатиот брод го заштитиле со зајакната челична рамка и на тој начин бил чуван во својата оригинална форма. Денес е атракција и се смета за еден од најдобро сочуваните потонати бродови во светот.
Погледнете како изгледа една подводна тура овој брод