Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најголема ѕвезда во Холивуд ќе биде Исус

0
By on March 17, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 17, 2013 15:54

Заборавете на „Хари Потер“ и на „Хобитот“, Холивуд најде нова книга која ќе ја претвори во блокбастер – Библијата.

Девет години по успехот на „Страдањата на Христос“, која е во киноприкажувањето низ целиот свет заработи 612 милиони долари, сите големи имиња на Холивуд како Бред Пит или Стивен Спилберг уште еднаш се свртеа кон најпопуларна книга на сите времиња.

Студиото „Парамаунт“ веќе го ангажирал режисерот Дарен Аронофски, за 125 милиони долари да направи адаптацијата на „Ное“ со Расел Кроу во насловната улога. Филмот ќе се појави во кината на крајот на март 2014.

Студиото „Фокс“ пак, работи на филм за Мојсеј. Главната улога треба да ја добие Кристијан Бејл, филмот ќе се вика „Егзодус“, а ќе го режира на Ридли Скот.

И „Ворнер“ работи на филм за Мојсеј. Стивен Спилберг е најсериозен кандидат за режијата, а Бред Пит би го играл Понтиј Пилат во филм за овој лик.

Компанијата „Сони“ ќе го продуцира филмот „Kain Redemption“, нов поглед на приказната за братското предавство на Каин и Авел, која би требало да биде режисерско деби на Вил Смит.

Студиот „Lionsgate“ го снима филмот „Марија, мајката на Исус Христос“.

Филмовите базирани на Библијата беа исклучително популарни во 50-тите и 60-тите години, каков што беше, на пример „Десетте заповеди“ на Сесил Б. Демил, кој суверено владееше со кино благајните. Потоа овој жанр падна во заборав, а сега повторно заживува, поради потребата на филмските студија да заработат пари на веќе познатите ѕвезди.

Најголем предизвик, сепак, ќе биде како да се направи филм кој ќе привлече масовна публика и нема никого да навреди. Оваа лекција ја научи Мартин Скорцезе со филмот „Последното искушение на Христос“, кој предизвика голем гнев кај верниците.

Продуцентите на филмот “Ное” Скот Френклин и Марија Парент консултираат теолози и свештеници за да не се провлече грешка во библиските податоци или да се навредуват верниците.

„Имаме креативна слобода, но верувам дека ќе останеме верни на приказната“, изјавли Френклин за американските весници. Останува прашањето како конзервативните и Евреи и Христијани ќе ја прифатат адаптација на режисерот на чудниот “Црн лебед”, особено по информациите дека Ное во филмот е воин кој се соочува со шест вооружени паднати ангели.

Марк Бурнет, извршен продуцент на мини серијата „Библијата“, која овој месец почна да се емитува на каналот „History“, а која е традиционална адаптација на светиот текст, верува дека Холивуд ќе биде непријатно изненаден.

“Мислам дека некои луѓе во Холивуд не знаат што ќе ги снјаде следната година. Се работи за Библијата! Со неа не може да се игра … 160 милиони Американци одат во црква секој месец и ним ова ќе им биде исклучително важно”, предупредува Бурнет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.