Британскиот министер за сообраќај Норман Бејкер, либерал-демократ во Владата на премиерот Дејвид Камерон, сними рок албум со групата „Reform Club“, формирана пред многу години.
Бејкер (55) веќе 30 години се подготвувал да издаде албум.
– Помислив дека сега тоа треба да го направам, пред времето дефинитивно да ме прегази, изјави Бејкер.
За својот албум „Always Tomorrow“ на кој Бејкер пее, истакнува дека не е политички.
– Не би напишал песна која би го оцрнила премиерот. Никогаш немав намера да пишувам за политика. Тоа не би било фер, истакна британскиот министер.
Една од песните е напишана во 1983 година, кога Бејкер и гитаристот на групата ја изгубиле работата во продавница за плочи. Другата песна под наслов „Strange Days“ го опишува времето кога тие двајцата имале долга коси.