Редакцијата на весникот „Дневник“ за Aктер на годината го избра Петар Горко за улогата на Хенри Шести во истоимената претстава на Народниот театар – Битола.
Свеченото врачување на наградата е на 20 март, во 20 часот во Македонскиот народен театар. На наградениот ќе му биде врачена статуетка и вредносен чек од 60.000 денари.
Во чест на наградениот ќе биде изведена претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов.