Првиот човек на Стопанска банка Глигор Бишев ја напушта функцијата, без да образложи која е причината.
Во изјавата до јавностa на банката се вели: „Г-дин Бишев, кој беше генерален извршен директор на банката дванаесет и пол години, донесе одлука да ја продолжи својата кариера вон банката.
– Доминантниот акционер е посветен на именувањето на талентиран наследник кој дополнително ќе ги зајакне активностите на банката“.
Според неофицијалните информации, Бишев ќе оди во австриската банка „Шпаркасе“.