Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е вистинскиот Дејвид Боуви?

0
By on March 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 20, 2013 10:36


Освен што се врати на на врвот на топ листите, Дејвид Боуви има уште една причина за славје – неговата изложба што ќе се отвори на 23 март во Лондон, најверојатно ќе биде попосетена отколку поставката на Леонардо да Винчи

Големата изложба во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон, насловена „Дејвид Боуви е“ најверојатно ќе ги собори рекордите на посетеност на изложбите на такви великани како Веласкез или Леонардо да Винчи. Уште пред отворањето се продадени над 42.000 билети.

На влезот на музејот посетителите ќе ги дочека четириминутно видео на кое е прикажан Боуви на 17 годишна возраст како талка по улиците на Сохо во Лондон. Оваа досега непозната аматерска снимка била направена со Супер 8 камера, но добро се гледа дека уште од тогаш Боуви одел и се смеел како некое рокенрол божество.
Поставката што ја направиле кураторите Викторија Брокс и Џефри Марш содржи повеќе од триста предмети кои за прв пат се најдоа на исто место. Така, посетителите ќе може да ги видат оригиналналните ракописи од неговите песни, костимите кои ја обележаа современата поп-култура фотографии, филмови, инструменти и генијалните видеа на Боуви.

Изложбата „Дејвид Боуви е …“ ќе биде отворена од 23 март до 11 август, а директорот на музејот „Викторија и Алберт“, Мартин Рот изјави дека за оваа „вистинска рок икона“ нормално е да се очекува голем интерес од публиката.

Освен оригиналните експонати, многу внимание несомнено ќе привлечат дополнителните програми и сувенирите кои се подготвени со месеци однапред.

Се уште не е официјално потврдено присуството на самиот Боуви на отворањето на изложбата, но од управата на музејот изјавуваат за британските медиуми, дека и не е толку важно ако тој не се појави, бидејќи со неговото враќање на музичката сцена тој направил повеќе од доволно за промовирање на изложбата.

Точно на неговиот 66. роденден во јануари, Боуви ја објави својата нова песна „Where we are now“ прва по десет години пауза. Неодамна го објави и вториот сингл, песната „Stars (Are Out Tonight)“, а неговиот албум „The Next Day“ веднаш по појавувањето го зазеде првото место на британската топ листа на најдобро продавани албуми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.