Педесет стихозбирки кои се наградени со „Браќа Миладиновци“ – признанието што половина век го доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, од денеска се достапни во електронска форма. Нив ги објави библиотеката во Скопје која речиси 70 години го носи името на струшките браќа преродбеници.
Од првата наградена збирка поезија – „Рамноденица“ на Матеја Матевски во 1963, до минатогодишната – „Основите на небото“ на Милош Линдро, 50 изданија од 39 поети содржи електронската едиција која библиотеката „Браќа Миладиновци“ ја промовираше денеска.
Таа е достапна и на интернет-страницата на установата www.gbiblsk.edu.mk.