СДСМ ги достави видео материјалите до присутните претставници на меѓународната заедница во Скопје.
СДСМ вчера објавија списоци и видео материјал за околу 345 фантом гласачи на Единствениот гласачки список. Според нив станува збор за жители од Мала Преспа со кои ВМРО-ДПМНЕ сака да освои победа во општината Центар. Луѓето се сместени во непостоечки или во напуштени станови.
„Видео снимките кои вчера ги објави опозицијата СДСМ, во овој момент не се валиден доказ за пред суд, но може да бидат повод за понатамошно испитување“, ја пренесува Слободна Европа изјавата на поранешниот обвинител Коста Петровски.
„Не значи дека се безвредни докази, но за пред суд треба малку поголема тежина. Сега со новите мерки треба да се побара снимање, не може кој било да се снима. Но, може да биде повод, повод за една постапка на Јавното обвинителство, за да продолжи со испитување“, вели Петровски.
Во седиштето на СДСМ само што заврши средбата на претседателот Бранко Црвенковски и шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Герт Аренс.