НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Салах Абдеслам: Кој е најбараниот човек во Европа?

1
By Нова ТВ on November 23, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесетишестгодишниот Салах Абдеслам во моментов е најбараниот човек во Европа. Серијата полициски акции во Белгија деновиве сепак не доведоа до негово пронаоѓање. Што за него знаат тамошните власти до сега?

Љубител на лагоден живот

Роден е во Белгија, по националност Французин, две години работел како механичар за возови, а заедно со неговиот брат, Брахим, кој се саморазнесе во париските напади имале бар.

Пријателите и соседите ги опишуваат како „љубители на лагоден живот“, чести посетители на локалот “Les Beguines“, каде уживале во алкохол и марихуана, што подоцна е затворен како озлогласено место за шверц на дрога. За Абдеслам велат дека пиел, пушев, уживал во женски друштва, но и во комар, сакал мотори и фудбал. Но исто така велат дека последнава година, драстично се променил. Еден од неговите пријатели и ден денес тврди дека не може да поверува дека Абдеслам кој тој го познава е истиот оној за кој деновиве се говори во медиумите.

За Абделслам уште е познато дека бил другар од школските денови со неодамна убиениот Абдулхамид Абуд, Белгиецот за кој се тврди дека е „мозокот“ на нападите и истакнат милитант на Исламската држава. Обајцата пред пет години, осудени и служеле затворска казна за вооружен грабеж. Ова, за полицијата, е можеби клучниот момент кога двајцата ја започнале соработката.

Братот на Салах Абдеслам, 31- годишниот Брахим кој се изврши самоубиствен бомбашки напад во Париз, на почетокот на годинава бил уапсен во Турција. Полицијата тогаш на распит го викнала и Салах. Но, ниту едниот ниту другиот не биле приведени, бидејќи немало докази за евентуално терористичко дејствување.

Абдеслам требало да биде бомбаш – самоубиец?

За полицијата се уште останува мистеријата, која била улогата на Салах Адбеслам во нападите на Париз – дали требало да биде логистика или пак, еден од бомбашите самоубијци? Безбедносните камери го прикажуваат во автомобилот црн „сеат“, изнајмен во Белгија, во кој бил и неговиот брат и уште едно лице, што се движел до рестораните и баровите во Париз. Брат му се разнесе на Булеварот Волтер, но Салах преживеа.

Белгијците Хамза Ату и Мохамед Амри пред полицијата признале дека утрото по нападите дошле дошкле во Париз да го одвезат нивниот пријател. Велат дека бил толку радикализиран, што имале чувство дека сака да се самоубие. За полицијата, фактот дека Абдеслам ги повикал пријателите само неколку часа по нападите и е единствениот потврден преживеан од групата милитанти кои ги извршија нападите, доведува до шпекулацијата дека тој можеби не успеал да ја изврши својата мисија.

Неколку дена подоцна, двајца негови пријатели преку Скајп зборувале со него и дознале дека се крие во Брисел, бегајќи и од властите, но и од членовите на ИД кои наводно го следеле, незадоволни, од неговата улога.

Француската полиција смета дека од начинот на неговото движење се гледа дека дека не се работи за претходно планирано бегство. „Можеби е во паника, уплашен од фактот дека требало да е самоубие. Можеби и појасот не му се активирал“, велат тие.

Можно е да е во Германија

Австрискиот министер за внатрешни работи потврди дека Абдеслам пред два месеци влегол во Австрија од Германија. Но за која цел, и каде престојувал, допрва ќе покаже истрагата.

Последно Салах Абдеслам наводно бил виден во неделата навечер во близина на Лиеж. Полицијата се уште тој случај го води како „сомнителен човек, што наликува на Абдеслам“. Наводно, човеков бил во БМВ кое со голема брзина се движело на автопатот што води кон германската граница. Полицијата безуспешно се обидела да го запре .

Семејството на Абделслам повеќепати јавно говореше дека сака тој да се предаде. Неговиот брат Мохамед, кој беше уапсен по нападите беше ослободен, без обвинение и работи во локалната власт за белгиските телевизии изјави: „Му рековме дека повеќе сакаме да го видиме в затвор, отколку в гроб“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.