Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Ревизијата на Рамковниот побарана од владиниот Генерален секретар

0
By Влатко Чаловски on November 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 26, 2015 13:06


Никола Груевски стои зад ревизијата на Охридскиот рамковен договор, потенцираше денеска пред новинарите пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов на прес-конференцијата пред Владата, кој покажа документ според кој владиниот Генерален секретар побарал тема на работните групи на партиите, да биде и анализата на Охридскиот рамковен договор.

– Што е целта на Груевски со овие документи за Рамковниот договор? Што ветил и кому?, побара Шилегов одговори од премиерот.

Пратеникот и портпарол на СДСМ, напоменувајќи дека Груевски се обидува да избегне одговорност и затоа власта делела флаери со измислици и лаги за федерализација, повторно пред јавноста го покажа документот со архивскиот печат на Владата, склучен пред четири месеци помеѓу власта и Европскиот институт за мир за Конференција на анализа на Рамковниот.

– Груевски е должен да излезе и да објасни што работи зад грбот на граѓаните, а што и да сака доцна е. Прашање на денови е кога Никола Груевски ќе го добие одговорот од граѓаните на единствена Македонија, порача Петре Шилегов од СДСМ.

Шилегов се осврна и на денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија, за кој рече дека е строго контролиран од власта, а кој избра избра нови претседатели на Апелацискиот суд Скопје, на Основниот суд Радовиш и на претседателот на Основниот суд Берово.

– Ова само зборува за дволичноста на ВМРО-ДПМНЕ во фазата на преговорите за надминување на политичката криза. Договорено е да биде отворено прашањето за работата на судовите и извесно беше дека по завршувањето на преговорите за медиумите, следното прашање е за судовите. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ едно зборува, а друго работи зад грб, рече Шилегов.

Во однос на текот на преговорите на работните групи задолжени за спроведување на Договорот од Пржино, потпишан од лидерите на четирите најголеми партии, Шилегов ја обвини владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ дека постојано намерно ги одложуваат предвидените рокови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.