НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скотланд Јард ја истражува смртта на олигархот Березовски

0
By Нова ТВ on March 24, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скотланд Јард и експерти на британската полиција за хемиска, биолошка и нуклеарна контаминација, денеска истражуваат во домот на рускиот олигарх Борис Березовски, откако вчера јавноста беше известена за неговата смрт. Тие испитаат дали има присуство на супстанци и материјали кои би можеле да ја предизвикаат неочекуваната смрт на политичкиот дисидент, кој во 2000 година пребега од Русија во Велика Британија.

Засега нема соопштение за тоа дали е откриено нешто сомнително, но екипата на Скотланд Јард се уште ја третира смртта на Березовски како „необјаснета“.

67- годишниот Борис Березовски, вчера, беше најден мртов од членовите на неговото обезбедување. Откако била известена, полицијата го презела мртвото тело на олигархот за детално испитување.

Во јавноста се шпекулира дека станува збор за инфаркт, но и дека е можно да се работи за самоубиство.

Березовски побегна од Русија во Лондон, по судирот со претседателот Владимир Путин кој со помош на олигархот успеа да влезе во Кремљ. Во Велика Британија стана најостриот критичар на Путин и на неговата власт, па беше означен како најпознатиот дисидент во посткомунисточка Русија.

Полицијата не ја отфрла можноста за срцев удар, но Березовски беше голем пријател на убиениот дисидент Александар Литвиненко, кој беше отруен со радиоактивниот полониум 212, па се претпоставува дека затоа Скотланд Јард одлучи да трага и по можноста, причина за смрта на Березовски да биде и присуството на некој вид контаминација во неговата куќа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.