Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цивил: Тепања во Ш.Оризари, купување гласови насекаде

0
By Влатко Чаловски on March 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 24, 2013 20:43


Голем број неправилности и злоупотреби регистрирале набљудувачките тимови на Цивил – Центарот за слобода.

Тепачки и насилство се забележани во општина Шуто Оризари, Могила, и Чаир.
На избирачкото место 2955, во Шуто Оризари, дошло до тепечка помеѓу директор на училиште и член на избирачката комисија.

Во тепачка учествувале и членови блиски на кандидатите на овие избори, надвор од избирачките места во истата општина.

Цивил забележал тепачка и во Могила на избирачкото место 0193. Активисти од иста политичка партија меѓусебното недоразбирање го расчистувале со физичка пресметка.

Во Ресен е регистрирано организирано и масовно гласање.

Во организација на една политичка партија, жители од Пустец, Албанија, со автобуси биле довезени во Ресен за да гласаат. Сличен случај е регистриран и во Охрид, каде автобуси донеле гласачи од Албанија.

Купување на гласови преку пакети со храна и намирници или пари, како и плаќање долгови во локалните продавници се забележани во неколку општини, меѓу кои Кичево, Куманово, Кавадарци итн.

Злоупотреби на деца од страна на професори се забележани во неколку средни училишта во
Скопје. Од учениците било барано да гласаат за одредена политичка партија, и тоа да го докажат со снимка од мобилен телефон, а во замена им биле ветувано поправка на слабите оценки.

Според активистите на Цивил, во неколку случаи регистрирани се лица кои гласале и по два пати со различни лични документи.

Цивил овие локални избори ги следеше со повеќе од 150 набљудувачи во сите општини од кои 128 се акредитирани во Државната изборна комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.