Пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ДПА, Беким Фазлиу оцени дека актуелната власт уште еднаш потфрлила во организирањето слободни, фер и демократски избори и во тек на вчерашниот и во текот на денешниот ден.
– Продолжи праксата на ДУИ со закани и уцени кон гласачите особено Албанци, прекумерното присуство на полицијата на гласачките места не дозволи дел од граѓаните слободно да ја изразат својата волја. Нашата проценка врз основа на информациите што ги добиваме од теренот е дека голем број Албанци беа спречени во остварувањето на гласачкото право – рече Фазлиу, објави МИА.